7 причини за нагло дебелеење кај мажите

А.С.
/ 10.07.2023 / 20:19

Понекогаш не треба многу за да се соберат неколку килограми вишок. На пример, ова е вообичаено околу празници или ако сме исклучително зафатени на работа или дома.

Малото зголемување на телесната тежина е вообичаено и понекогаш нема никаква врска со нашата исхрана. Но, наглото зголемување на телесната тежина може да биде фрустрирачко и збунувачки кога не можете да ги обвинувате празничните колачиња или стресот на работа.

„Ако сте качиле два или повеќе килограми за неколку недели или дури денови, време е да обрнете внимание“, вели д-р Лоренс Ческин од Центарот за управување со тежината Johns Hopkins.

Според Ческин, флуктуациите во тежината од околу два или повеќе килограми се типични кај жените, но не толку кај мажите. Особено ако ситуацијата со тежината е стабилна со месеци или години. Еве ги сите можни причини за нагло зголемување на телесната тежина.

Јадете премногу сол

Потрошувачката на сол предизвикува телото да задржува вода, објаснува Ческин. Водата има тежина и волумен. Така, ако јадете многу солена храна неколку дена по ред, може нагло да се здебелите.

Храната од рестораните, а особено брзата храна, обично е полна со сол. Дури и многу од храната што ја јадеме дома е богата со сол. Некои од главните извори на сол во западната исхрана се леб, сендвичи, филета и суво месо.

Не внесувате доволно калиум

Да, важно е да се ограничи внесот на натриум, но тоа не е единствената важна хранлива материја кога станува збор за тежината на водата. Додека натриумот помага да се одржи течноста околу клетките, калиумот им помага на мускулите да работат и го регулира крвниот притисок.

Иако не постои препорачана дневна доза за внес на калиум, повеќето експерти укажуваат дека 3400 милиграми се добра дневна количина што треба да ја таргетираат мажите на возраст од 19 и повеќе години.

Земате нов лек

Постојат многу лекови кои можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина, предупредува д-р Скот Буч од одделот за дебелина на Баријатрискиот и метаболички институт на Клиниката во Кливленд.

„Лековите можат да предизвикаат до 15 проценти од случаите на дебелина“, тврди тој, истакнувајќи дека вообичаени виновници се лековите за депресија и лековите за срцеви заболувања. Но, зголемувањето на телесната тежина може да биде предизвикано дури и од апчиња за спиење, лекови против болки и некои антихистаминици кои ги блокираат алергиите.

„Додадете на листата стероиди и лекови или додатоци за да го зголемите тестостеронот. Овие лекови делуваат на вашите хормони, што секако може да предизвика нагло зголемување на телесната тежина“, додава д-р Ческин.

Ако зголемувањето на телесната тежина се должи на лекови, треба да се консултирате со вашиот лекар за какво било прилагодување или промена во терапијата.

Јадете повеќе отколку што мислите

Ако постојано го зголемувате бројот на калории за месец или два, лесно може да се здебелите два до пет килограми, истакнува Ческин.

„Ако внесувате само 500 калории повеќе неделно, тоа ќе се види со текот на времето“, предупреди докторот.

Почнавте да јадете повеќе јаглехидрати

Ако сте следеле диета со малку јаглехидрати (на пример, кето) и одеднаш сте почнале да јадете повеќе житарки и скроб, веднаш ќе забележите разлика во тежината. Јаглехидратите се важни во однос на вежбањето, но и општото здравје. Но, тие се складираат во вашите мускули и црниот дроб како гликоген. Секој грам гликоген содржи околу три грама вода, што значи дека чинија тестенини ќе складира дополнителна вода во вашите ткива.

Неодамна држевте диета

Би било убаво да останете слаби по рестритивна диета, но честопати се случува спротивното.

„Сите килограми што ќе успеете да ги изгубите веројатно ќе се вратат, дури и ако продолжите со вашата рутина за слабеење. Ова е сосема нормално“, вели д-р Буч.

Имате ендокрино нарушување

Според Националниот институт за здравје, приближно секој петти возрасен има недоволна тироидна жлезда, состојба позната како хипотироидизам. Иако оваа состојба е многу почеста кај жените, Ческин вели дека многу мажи доживуваат хипотироидизам, што може да предизвика нагло и значително зголемување на телесната тежина.

Некои други помалку типични хормонални нарушувања, како што е Кушинговата болест, исто така може да предизвикаат зголемување на телесната тежина. Ако имате ендокрино пореметување, покрај зголемување на телесната тежина, ќе се појават и симптоми како што се замор, слабост, главоболки, проблеми со размислувањето и депресија или раздразливост.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе