Адел се расплака во последната епизода на Carpool Karaoke

Британската пејачка Адел гостуваше во последната епизода на Carpool Karaoke, а за време на разговорот со водителот Џејмс Корден во еден момент заврши во солзи.

Адел разговараше со Корден за нејзиниот развод и откри дека нејзиното пријателство со него ѝ помогнало да ја надмине разделбата со партнерот. Таа додаде дека стихот во една од песните од последниот албум „I Drink Wine“ е инспириран од поддршката што ја добила од водителот.

„Стихот беше инспириран од еден наш разговор на 4 јануари 2020 година кога бевме на одмор заедно со децата“, објасни таа.

Адел го финализираше разводот со Сајмон Конецки во март 2021 година и откри дека потоа отишла на семеен одмор со Џејмс, неговата сопруга Џулија и нивните три деца, како и нејзиниот син Анџело.

„Бевме на пат кон дома и расположението ми се промени и тоа беше првата година кога почувствував дека морам да преземам одговорност бидејќи сум возрасна личност, додека ти и Џулс се грижевте за мене и за Анџело една година пред тоа“, рече Адел.

Адел, исто така, тврдеше дека кога Џејмс дошол на ред да побара совет од неа - навестувајќи дека е незадоволен од неговиот живот во Америка - тоа ја натерало да се чувствува „несигурно“.

Резултатот од тој разговор била песната „I Drink WIne“, а Корден рече дека сè што ѝ кажал таа успеала да го преточи во песна.

Некои од стиховите што ги пееја ги вклучуваа и стиховите: „Како и двајцата станавме верзија на личност која не ни се допаѓа? Ние сме заљубени во светот, но светот сака само да нè собори, ставајќи ни идеи во главите, кои некако ни ги расипуваат срцата“.

Корден, воздржувајќи се и самиот да не заплаче, рече дека се чувствуива привилегирано што Адел успеала да разбере како се чувствувал и да го стави тоа во една од нејзините песни. На самиот крај од епизодата и Адел ги бришеше солзите.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе