Adidas со амбициозен петгодишен план: Иднината е зелена и дигитална

Германскиот гигант за спортска облека Adidas го претстави новиот петгодишен план.

Петгодишната стратегија, наречена Own the Game, се фокусира на зголемување на продажбата на производите на Adidas преку интернет до 2025 година, со што 40% од вкупната продажба на Adidas ќе се одвива преку онлајн продавниците.

Како што се наведува во текстот на Bloomberg, Adidas има намера да ја удвои продажбата преку интернет до 2025 година, со што оваа компанија ќе се доближи до сегашната позиција на главниот конкурент Nike.

URL

Во новиот петгодишен план Adidas наведува дека компанијата има намера да реализира продажба преку интернет до 9 милијарди евра годишно со оперативна маржа на добивка од 12 до 14%. Колку за споредба, компанијата забележа профит од 11,3% во овој сегмент во 2019 година, нагласува Bloomberg.

Во текот на 2020 година, како и многу други компании, и Adidas забележа пад на продажбата поради пандемијата на коронавирус.

Кога станува збор за растот на продажбата во наредниот период, Adidas е оптимист и покрај сегашните услови на пазарот. Компанијата досега отвори 95 проценти од своите продавници, кои беа затворени поради епидемиолошките мерки кои вклучуваа карантини и локдаун.

Во 2021 година, Adidas најавува раст на продажбата, а тоа особено се однесува на производите наменети за млади. Во овој сегмент, компанијата најавува раст до 30 проценти во Кина, како и во остатокот на Азија и Латинска Америка.

Покрај тоа, Adidas најави инвестиција од над милијарда евра во таканаречена дигитална трансформација, што ќе вклучува 3D дизајн, етичка набавка на материјали и создавање на многу поефикасен дистрибутивен ланец кој треба да овозможи побрза испорака на производите нарачани преку интернет. Само во 2021 година, компанијата ќе ангажира повеќе од 1.000 „технолошки и дигитални таленти“. 

URL

Adidas исто така планира девет од 10 производи да бидат одржливо произведени до 2025 година, што значи дека ќе бидат составени со рециклирани или биоразградливи материјали или ќе бидат дизајнирани за реупотреба.

Иако индустријата за спортски производи забележа пад на продажбата на продавници за време на пандемијата, продажбата преку интернет, од друга страна, забележа неверојатен раст.

Бројни брендови, вклучително и Adidas, истакнаа дека забележале зголемување на продажбата на опрема за трчање и пешачење, бидејќи голем број луѓе се занимавале со физичка активност дома или на отворено во локдаун периодите.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе