Адис Јаховиќ се повлекува од репрезентацијата на Македонија

Филип Здравески
/ 12.09.2022 / 14:11

Напаѓачот ветеран смета дека повеќе не може да придонесе во дресот со националниот бои и поради тоа е на став дека е фер местото да им го отстапи на оние кои се во моментов поспремни.

Фото: ФФМ

Во пресрет на објавувањето на списокот со повикани играчи за претстојните два последни натпревари од Лигата на нации против Грузија и Бугарија, што селекторот Благоја Милевски го закажа за утре од 11 часот, Адис Јаховиќ испратил допис до ФФМ во кој ја објаснува својата одлука.

Во дописот на Адис се вели:

„Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон. Токму затоа воопшто не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа. Не само заради мене, туку и поради репрезентацијата, соиграчите и селекторот. Чувствувам дека повеќе не сум во можност на вистински начин да одговорам на репрезентативните обврски и сега е време чесно да го соопштам тоа. Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи од репрезентацијата и целиот стручен штаб. Благодарност за селекторот Благоја Милевски за соработката и целата поддршка. Минавме и тешки и радосни моменти. Спомените ќе ги чувам засекогаш. Во оваа репрезентација има талент и квалитет. Убеден сум дека ќе продолжат да напредуваат и да ја радуваат македонската спортска јавност. Оваа генерација на македонски фудбалери зад себе веќе има големи резултати и сѐ што треба е да продолжат да даваат сѐ од себе на секој натпревар за Македонија. Во победа или пораз, навивачите тоа го ценат. Јас секогаш ќе бидам поддршка за тимот и цела репрезентација. Напред Македонија“.

Со оглед на тоа што Јаховиќ годинава наполни 35 години, не е изненадување неговата одлука. Тој е сениорски репрезентативец од ноември 2012 година кога дебитираше на пријателска против Словенија и воедно тогаш го постигна и првиот гол (има вкупно 3). Македонија на тој натпревар победи со 3:2. Настапи на само 19 натпревари, но речиси 4 години не беше во репрезентацијата поради кавга со поранешниот селектор Игор Ангеловски. Се врати во тимот веднаш отако Милевски беше назначен за селектор.

Од летото 2016 година со успех настапува во Турција каде го носеше дресот на Ѓозтепе, Конјаспор, Јени Малатјаспор, Анталјаспор, а денес ги брани боите на Бодрумспор. Претходно играше за руска Самара, хрватска Ријека, украинска Ворскла, швајцарските Вил и Цирих, босанските Сарајево, Жељезничар и Вележ, а во домашната лига настапуваше за Влазними и за Македонија ЃП каде и ја почна кариерата.

реклама

Фудбал

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе