АЕК жестоко ќе ги казни навивачите што го истакнаа транспарентот Косово е Албанија

Навивачите на АЕК се најдоа во центарот на вниманието откако на натпреварот од второто коло во Лига Европа против Ајакс во четвртокот на трибините раширија транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“.

Клубот се огласи со соопштение и најави жестоки казни за навивачите. АЕК се огради од пораката на своите навивачи и, како што се наведува, нивните политички ставови.

„АЕК го изразува своето згрозување и недвосмислено го осудува истакнувањето на овој транспарент, дури и на неколку секунди. Станува збор за крајно националистичка содржина за која нема место на нашиот стадион. Тој транспарент нема апсолутно никаква поврзаност со нашето историско потекло, ниту е поврзан на кој било начин со нашиот клуб, ниту пак го поддржуваме“, се вели во соопштението на АЕК.

„АЕК нема што да докажува, бидејќи тоа го направи на дело на начин што не може да се оспори и со иницијативи што ниту една друга група не ги презеде против војната. По повод овој конкретен инцидент, ние во АЕК нема мирно да стоиме. Веќе покренавме акции против злосторниците. Не сакаме една слика да биде огледало на сите наши фанови кои исто така не го одобруваат она што се појави на трибините. Затоа оние што го истакнаа транспарентот засекогаш ќе бидат избркани од стадионот“, заклучува АЕК.

Тагови
реклама

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе