Аеродром: Планот за згради во Лисиче е почнат кога СДСМ раководеше со Општината

СДСМ, наместо да шири дезинформации, треба да даде одговор дали и кога ќе побара одговорност и постапување на Комисијата за спречување на корупција за крупните бизнис-зделки и продажба на земјиште за блиски роднини на Ковачевски и Богоев, велат од Општина Аеродром по обвинувањата од СДСМ за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче.

Доколку градоначалникот на Аеродром сега беше од редовите на СДСМ, наместо ДУП за Лисиче, таму ќе никнеше хотел со пет ѕвездички, сопственост на блиски роднини на високото раководство на СДСМ, велат од Општината.

„Јавен податок, кој никој не може да го оспори, е фактот дека конкретниот ДУП за кој оваа политичка партија говори е почнат токму во време кога СДСМ раководи со Општината, во најлошиот период за општината Аеродром, кога не е реализиран ниту еден проект и, напротив, парите на граѓаните се трошеле недомаќински и спротивно на законите. Одговорот на прашањата што СДСМ секојдневно ги поставува треба да го побараат од претходниот градоначалник или од раководството на СДСМ по чија директива работел тој“, велат од Општината.

Се додава дека работењето во согласност со законите и ставањето крај на бизнисите на СДСМ во Аеродром веројатно е факт што оваа политичка партија не може да го прифати.

Општината го повика СДСМ да престане, како што велат, да шири дезинформации и изворите на криминал и корупција да ги бара во своите редови.

реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе