Африканскиот Адолф Хитлер победи на локални избори во Намибија

Адолф Хитлер доаѓа на власт преку демократски избори. Ова не е лекција по историја туку тековни случувања во Намибија, поранешна германска колонија во Југозападна Африка.

Именуван во чест на поранешниот германски лидер, Уунона Адолф Хитлер освои мнозинство од гласовите и освои место во советот на регионот Ошана.

Во интервју за германски Bild, намибискиот Хитлер вели дека за разлика од неговиот злогласен имењак, тој нема амбиции да завладее со светот.

„Татко ми ми го дал името по тој човек. Веројатно нема поим за што Адолф Хитлер се борел. Најчесто во употреба користам Адолф Уунона. Сега е веќе доцна за да си го променам името“, вели тој.

Намибија била колонија на Германија од 1884 до 1919 година, време за кое Германците извршиле масовни убиства, а локалното бунтовно население било ставано и во концентрациони логори. Денес самата Германија своите дејствија во Намибија ги смета за геноцид. Откако Германците ја загубиле Првата светска војна, биле приморани Намибија да им ја отстапат на Британците, кои пак ја дале под контрола на Јужна Африка од каде во 1990 Намибија се отцепува како независна.

реклама

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе