Академија Пандев: Од денеска клубот се вика АП Брера Струмица и има ново лого

Македонскиот прволигаш Академија Пандев се ребрендира и во иднина ќе има ново име - Академија Пандев Брера Струмица. Компанијата Brera Holding пред повеќе од еден месец купи 90% од акциите на Академија Пандев.

Променето е и логото на клубот, избран е нов Одбор на директори, а за претседател е назначен Горан Пандев, информираат од клубот.

„По купувањето на 90% од акциите на ФК Академија Пандев АД од страна на Brera Holding PLC, ја информираме јавноста дека нашиот клуб од денес се ребрендира како ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ БРЕРА СТРУМИЦА АД.

Преименувањето е во согласност со позитивната законска регулатива во земјава, откако во Собранието на клубот влегоа новите акционери, при што беше избран нов Одбор на директори, а за претседател е назначен Горан Пандев.

Согласно веќе донесените акти, новата сопственичка структура одлучи новото име да биде спој на досегашното со името на новите инвеститори како и на градот Струмица како локација и место од кое произлегоа плејада на квалитетни фудбалери познати на домашната и меѓународна сцена. Како клуб во иднина ќе настапуваме со кратенката ФК АП Брера Струмица, а за комерцијална употреба Брера Струмица.

Освен името, се менува и официјалното лого на клубот. Во новото се додаваат боите на инвеститорот Брера, грбот на Oпштина Струмица, а составен дел ќе биде и досегашниот амблем на клубот при што на латинично писмо ќе пишува Брера Струмица.

Мисијата на ФК Академија Пандев Брера Струмица ќе биде градење на фудбалски клуб според европските стандарди од организациски, стручен и комерцијален аспект. Фокусот ќе биде насочен кон градење на стабилен прв тим каде место ќе се даде на фудбалери од сопствените младински школи, инвестиции во младинските погони со организација и учество на силни турнири, подобра фудбалска инфраструктура, размена на искуства со познати европски фудбалски центри како и градење на квалитетни фудбалери со можност да бидат дел од големи фудбалски клубови во странство, но и соработка со сите останати фудбалски клубови од Струмица и Македонија“, се вели во соопштението на струмичкиот прволигаш.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе