Акциите на Apple паѓаат поради големото враќање на Huawei

Макфакс/Кајгана
/ 02.02.2024 / 09:18

Apple објави дека генерирал 119,6 милијарди долари во продажба и 33,92 милијарди долари профит во првиот квартал од својата фискална година, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, но цената на акциите сепак паднала, бидејќи инвеститорите биле разочарани од приходите од продажба на кинескиот пазар на паметни телефони, глобално најконкурентните, каде што се соочува со конкуренција од Huawei.

Продажбата на Apple се зголеми во последниот квартал од минатата година за 2% во однос на истиот период претходната година, со што компанијата го запре падот на продажбата по четири квартали, благодарение на продажбата на iPhone 15. Истовремено, профитот се зголеми за 13%.

Приходите од продажбата на iPhone во тој период достигнаа 69,7 милијарди долари, или 6% повеќе во однос на истиот период претходната година, а тоа е повеќе од очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа продажба од 67,82 милијарди долари. Сепак, на кинескиот пазар, продажбата на тој најпрепознатлив производ на Apple достигна 20,82 милијарди долари, што е речиси 3 милијарди под очекувањата на аналитичарите.

„Задоволни сме со растот на приходите на iPhone од 6%. Особено силен, двоцифрен раст на продажбата беше на пазарите во развој, со исклучок на Кина, и на тие пазари iPhone работи добро. Кина е најконкурентниот пазар на паметни телефони во светот и тоа не се промени“, изјави извршниот директор на Apple Тим Кук во интервју за Reuters.

Цената на акцијата на Apple падна за 1,2% по објавувањето на деловните резултати. Во јануари Microsoft го засени Apple како највредна компанија во светот, додека инвеститорите веруваат дека Apple заостанува во трката за употреба на вештачка интелигенција во споредба со другите технолошки гиганти од Волстрит.

Акциите на Apple паднаа за повеќе од 3% од почетокот на 2024 година, во споредба со 2% добивка за С&П 500. „Каунтерпоинт Рисрч“ објави дека испораките на iPhone во Кина паднале во текот на кварталот, бидејќи кинеските потрошувачи барале нови телефони и мобилни телефони на склопување од Huawei, кој повторно го освои пазарот со водечки телефон напојуван со чип од домашно производство.

Apple исто така објави дека има 2,2 милијарди активни уреди ширум светот, што е за 200 милиони повеќе отколку на крајот на 2022 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе