Ако мислевте дека 2023 е најжешка година досега, 2024 ќе биде бетер

Има околу педесет проценти шанси дека 2023 година ќе биде најтоплата година досега, а 2024 година се очекува да биде уште полоша, предвидуваат научниците од американската влада.

Досега, 2023 година е трета најтопла година досега, рече Сара Капник, главен научник на американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA). А веројатноста дека ќе стане најжешката досега е „речиси 50 проценти“, додаде таа.

Покрај глобалното затоплување, за тоа придонесува и цикличниот феномен Ел Нињо, синоним за дополнително глобално затоплување, кој ја загрева површината на океаните. Треба да трае и по следната зима, прогнозираат експертите.

„Најсилното влијание на Ел Нињо ќе се случи во 2024 година“, изјави климатологот на НАСА Гевин Шмит.

„Затоа, очекуваме не само дека 2023 година ќе биде исклучително жешка, а можеби и рекордна, туку и дека 2024 година ќе биде уште пожешка.“

И двајцата зборуваа на прес-конференција посветена на анализа на глобалните температури забележани минатиот месец, за кои NOAA потврди дека е рекорден месец.

Јули беше најтоплиот месец досега

Јули 2023 година беше најтоплиот месец досега забележан на земјата, потврди Европската служба Copernicus минатата недела.

„Важно е да се запамети дека оваа година ќе биде посвежа во споредба со средината на векот, ако продолжиме да ја загреваме нашата планета со емисии на стакленички гасови“, рече Сара Капник.

Температурата на површината на океанот е особено вознемирувачка за научниците: постигна рекорд четврти месец по ред, според NOAA.

„Повеќе од 40 отсто од океанот моментално е под морски топлотен бран“, предупреди Капник.

Ова има потенцијално катастрофални последици за видовите што живеат таму, особено за коралите.

„Мајката природа ни испраќа порака, а таа порака е: подобро да дејствуваме сега, пред да биде предоцна да ја спасиме нашата клима, или со други зборови, да ја спасиме нашата планета“, рече шефот на НАСА, Бил Нелсон.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе