Активни 1.895 случаи на COVID-19, да се почитуваат мерките и протоколите за заштита

Нови 99 случаи со COVID-19 од 1.384 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се 8 пациенти од кои двајца од Тетово (60 г. и 71 г.), еден од Делчево (78 г.), еден од Струга (63 г.), еден од Скопје (59 г.), еден од Дебар (52 г.) и двајца од Охрид (70 г. и 94 г). Регистрирани се 214 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 15.226, бројот на оздравени пациенти е 12.700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.895.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 575, во Куманово 231, во Прилеп 139, во Гостивар 114, во Тетово 104…

Досега во земјава се направени 159.387 тестирања на COVID-19.

На Инфективната клиника примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти од кои на кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се две деца и три мајки позитивни на COVID-19, четири деца и три мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти. Вкупно хоспитализирани се 26 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на COVID-19.

Податоците за активни случаи по општини во Скопје покажуваат дека најмногу ги има во Аеродром - 99, по што следат Гази Баба - 72, Карпош - 63, Центар - 62, Кисела Вода - 57, Чаир - 55, Бутел - 36, Ѓорче Петров - 34, Шуто Оризари - 23, Студеничани - 17, Сарај - 16, Илинден - 11, Арачиново - 10, Сопиште - 4, Петровец - 4, Чучер Сандево - 2, Зелениково - 1, 6 се странци, а 3 се нераспределени.

И покрај постојаните апели да се почитуваат мерките и протоколите за заштита, што ги донесе Владата за справување со COVID-19, постојано се регистрираат нови случаи за нивно прекршување.

Последните податоци на Министерството за внатрешни работи за претходното деноноќие (7-8 септември) покажуваат дека на територијата на државата се регистрирани 445 прекршоци на мерката за неносење лична заштита на лице.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе