Активни 21.797 случаи на COVID-19 во земјава, повеќе од половина се во Скопје

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1.161 случај на заразени со COVID-19, со што бројката на активни случаи во државава се искачи на 21.797. Сепак, според надлежните, болниците располагаат со слободни кревети, а од ресорното Министерство уверуваат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Новорегистрираните се од направени 3.114 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 410, по што следат  Битола  со 75, Прилеп – 59, Тетово – 58, Куманово – 54, Штип – 54, Велес – 55, Охрид – 51, Кавадарци – 55,….

Според Институтот за јавно здравје вчера беа регистрирани 806 оздравени пациенти, а починаа 26 лица во болнички услови. Болниците уште располагаат со слободни кревети. Заклучно со вчерашниот ден, во ковид центрите низ државата има околу 150 празни болнички кревети.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во болниците низ државата вкупно се лекуваат 1.340 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.  Во ковид центрите во Скопје вчера беа хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а се лекуваат вкупно 510 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. Вкупно 24 оздравени пациенти беа пуштени дома во текот на вчершаниот ден.

Во однос на останатите градови низ земјава, во вчерашниот извештај се наведува дека во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти, а во болницата во Штип 56 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово 45 пациенти, во Велес 56, а во Куманово 114 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 10, Кавадарци 56,  во  Гевгелија 11 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Надлежните појаснуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Од Министерството за здравство наведуваат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Потенцираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Од почетокот на епидемијата, вкупно има 72.044 дијагностицирани лица со ковид. Досега оздравеле 48.170 пациенти, а вкупната бројка на починати е 2.077. Досега во земјата се направени вкупно 360.216 тестирања на COVID-19.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 31.101,  активни 11.152

• Куманово 4.207, активни 661

• Дебар 545, активни 151

• Штип 3018, активни 489

• Прилеп 3574, активни 927

• Тетово 4331, активни 1010

• Струга 1724, активни 421

• Велес 2392, активни 693

• Битола 2589, активни 901

• Охрид 1973, активни 579

• Кавадарци 1614, активни 603

• Гостивар 3020, активни 876

• Гевгелија 912, активни 280 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1966, активни 560

• Крива Паланка 515, активни 133

• Радовиш 507, активни 132

• Крушево 150, активни 72

• Кочани 1402, активни 256

• Пробиштип 399, активни 70

• Демир Хисар 217, активни 54

• Македонски Брод 193, активни 35

• Пехчево 115, активни 20

• Берово 441, активни 100

• Валандово 246, активни 54

• Виница 411, активни 121

• Делчево 583, активни 273 (164 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 171, активни 29

• Свети Николе 964, активни 212

• Кичево 1422, активни 380

• Ресен 549, активни 187

• Неготино 793, активни 366 (120 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

И во вчерашната статистика на Министерството за внатрешни работи беа евидентирани прекршоци  за мерката за носење заштитна маска на лице, односно по тој основ се изречени 697 прекршоци.

Инспекторатите, пак, кои редовно регистрираат угостителски објекти кои работат по 21 часот и со повеќе гости на маса од дозволеното, најавија засилени инспекции во тек на празниците за да се спречат евентуални прослави, односно групирања на луѓето.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе