Алегри фатен во казино, се обложувал на фудбалски натпревари

Макфакс/Кајгана
/ 20.10.2023 / 10:59

Скандалот со нелегалното обложување ги полни насловните страници во италијанските медиуми.

Фудбалерите Николò Фаџоли, Сандро Тонали и Николо Заниоло паднаа први во истагата на обвинителството. Засега сигурно е дека играчот од средниот ред на Јувентус Фаџоли ќе добие седуммесечна суспензија, а завчера пред судот ја кажа својата верзија на приказната. Медиумите шпекулираат дека Тонали ќе биде суспендиран 16 месеци и дека на терените ќе се врати дури во 2025 година.

Проблемите за Јувентус би можеле да станат уште поголеми бидејќи „кралот на папараците“, Фабрицио Корона, објави дека во скандалот е вмешан и тренерот Масимилијано Алегри.

Наводно Алегри се обложил на натпревари од Серија Б преку пријател кој платил билети во негово име. Алегри беше фатен и во казино во Монте Карло за време на пандемијата на коронавирус.

„Тој постојано се коцкал. Еднаш добил 30 илјади евра, а лицето до него му дал 3.000 евра, велејќи дека е за ливчето за обложување. Неговиот пријател го уплатил ливчето за него. Од казиното се обложувал на натпревари од Серија Б“, рекол информаторот на Корона.

Коцкањето во казино не е спорно за Италијанците, но обложувањето на натпревари е проблематично. Да потсетиме, Фаџоли неодамна призна дека се обложил на фудбалски натпревари.

На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането да ставаат облози директно или индиректно.

Сандро Тонали (23) и Николо Заниоло (24), италијански репрезентативци и играчи на англиските клубови Њукасл и Астон Вила, се во центарот на аферата заедно со Фаџоли.

реклама

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе