СЕРИЈА А 2023/2024

Алегри за поразот од Интер вината ја најде во Влаховиќ

Фудбалерите на Интер синоќа го победија Јувентус во 23. коло од Серија А со 1:0 и направија огромен чекор кон освојување на Скудетото, а тренерот на „Старата дама“, Масимилиано Алегри, го обвини својот напаѓач Душан Влаховиќ за поразот.

Во 32. минута, при 0:0, по контранапад Вестон МекКени одлично му сервираше на Влаховиќ, кој се најде пред голманот Јан Зомер и можеше да избере каде ќе шутира.

Сепак, Србинот катастрофално ја прими топката, што Бенжаман Павар го искористи за да го блокира неговиот удар.

URL

Само пет минути подоцна Федерико Гати си постигна автогол, кој беше единствениот гол на натпреварот.

Алегри по натпреварот изјави дека се можело да биде поинаку доколку Влаховиќ го искористел зицерот и го довел Јувентус во водство.

„Во првото полувреме бевме изедначени, но тие постигнаа гол, а Влаховиќ промаши зицер“, изјави Алегри по поразот.

Влаховиќ сезонава во Серија А постигна 12 гола на 21 натпревар, со што е втор стрелец во Калчото зад убедливо водечкиот Лаутаро Мартинес со 19.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе