Алек Болдвин се врати на снимањето на филмот Rust

Алек Болдвин се врати на снимањето на филмот Rust, ​​откако обвинителите во Ново Мексико во петокот го отфрлија обвинението за убиство од небрежност против него во фаталното пукање во октомври 2021 година во кое беше убиена кинематограферката Халина Хачинс.

Снимањето на нискобуџетниот вестерн започна минатата недела во Монтана. Болдвин во понеделникот на Instagram потврди дека е на снимање.

„Сега сум во близина на Бозман за да го завршам Rust. Монтана е прекрасна. Ви благодариме на сите за поддршката“, напиша актерот.

Мелина Спадоне, адвокатка на Rust Movie Productions, потврди дека снимањето треба да заврши до крајот на мај оваа година, пренесува The Hollywood Reporter. Снимањето беше прекинато во октомври 2021 година, откако пукна пиштолот што го држеше Болдвин, при што беше убиена кинематограферката Халина Хачинс и повреден беше режисерот Џоел Соуза.

Спадоне изјави дека снимањето ќе продолжи без никаква муниција или функционално оружје. Продолжувањето на снимањето го одобри Здружението на режисери на Америка, под услов да се зајакнат безбедносните мерки на сетот. Токму затоа, двајца ветерани за заштита при работа се приклучија на продукцијата и ќе го надгледуваат целото снимање.

Рочиштето одложено за 9 август

Пристигнувањето на Болдвин во Монтана се совпаѓа со формалното повлекување на обвиненијата за убиство од небрежност против актерот. Обвинителите, на кои случајот им беше доделен во април, откако претходниот адвокат беше принуден да поднесе оставка, во поднесувањето на судот напишаа дека ги повлекуваат обвиненијата „бидејќи на виделина излегоа нови докази кои бараат дополнителна истрага и форензичка анализа“. Во соопштението објаснуваат дека обвинението може повторно да биде поднесено. Судијата што го надгледуваше случајот го одложи прелиминарното рочиште за 9 август, за да може обвинителите да повикаат дополнителни сведоци.

Режисерот Џоел Соуза за продолжувањето на снимањето рече: „Иако е горчливо-слатка ситуација, благодарен сум што нов, брилијантен и посветен продукциски тим се придружува на екипата за да го заврши она што Халина и јас го започнавме“.

Сопругот на Халина, Метју Хачинс, кој работи како извршен продуцент на филмот, со спогодба успеа да договори снимање на документарен филм за животот и делото на покојната снимателка.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе