ИЗЛЕЗЕ НОВ ФОРЕНЗИЧКИ ИЗВЕШТАЈ

Алек Болдвин сепак би можело да биде обвинет за убиство

Новиот форензички извештај вели дека актерот Алек Болдвин сепак би можело да биде обвинет за убиство на сетот на филмот Rust.

Новиот извештај вели дека Болдвин го повлекол чкрапалото на револверот што ја уби снимателката Халина Хачинс во 2021 година, што е спротивно на тврдењата на актерот.

Инаку, обвиненијата за убиство од небрежност беа отфрлени во април, бидејќи обвинителите го истражуваа неговото тврдење дека револверот што го држел Болдвин за време на пробата излетал без тој да го повлече чкрапалото, убивајќи ја Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.

„Иако Алек Болдвин негира дека го повлекол чкрапалото, имајќи ги предвид тестовите, наодите и набљудувањата пријавени овде, чкрапалото мора да е повлечено или притиснато доволно за да го ослободи целосно повлечениот или затегнат чекан на доказниот револвер“, изјавија експертите за огнено оружје Лусиен Хаг и Мајк Хаг.

Во извештајот, исто така, се наведува дека инцидентот е резултат на рачно повлекување на таканаречениот чекан во целосно задна и затегната положба, проследено во одреден момент со повлекување или притискање на чкрапалото назад.

Во отфрлањето на обвиненијата на Болдвин, обвинителите Кари Морисеј и Џејсон Луис рекоа дека можеби ќе ја преиспитаат одлуката по дополнителна анализа на пиштолот.

За потсетување, актерот Болдвин во декември 2021 година изјави дека не го повлекол чкрапалото и дека никогаш нема да впери пиштол кон некого. Актерот, наводно, вежбал вкрстено извлекување кога пиштолот пукнал, погодувајќи ги снимателката Хачинс и режисерот Џоел Соуза, кој се здоби со повреди кои не се опасни по живот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе