Alibaba лансира ривал на ChatGPT

Кинескиот технолошки гигант Alibaba го најави доаѓањето на својата вештачка интелигенција во стилот на ChatGPT технологија наречена Tongyi Qianwen.

Alibaba има намера да го интегрира четботот во целиот свој бизнис во блиска иднина, но сè уште нема детали за временската линија. Во последниве месеци, технолошките компании ширум светот ги претставија своите таканаречени чет-ботови со вештачка интелигенција, а претходно оваа година Alibaba откри дека работи на ривал на ChatGPT.

Името Tongyi Qianwen во превод значи „барање одговори со поставување илјадници прашања“, но Alibaba не објави англиска верзија на името. Сепак, технологијата работи на англиски и кинески и ќе биде додадена во DingTalk, апликацијата за деловна комуникација на Alibaba.

Tongyi Qianwen ќе извршува различни задачи, вклучувајќи конвертирање на разговорите за состаноци во пишани белешки, пишување е-пошта, креирање деловни предлози и слично.

Alibaba ќе ја интегрира технологијата и во Tmall Genie, гласовен асистент сличен на паметниот звучник Alexa на Amazon.

Интересот за овој тип на технологија за вештачка интелигенција се зголеми откако OpenAI го воведе ChatGPT во ноември минатата година. Оваа технологија може да учи од постоечките податоци и да креира содржина, но и да одговара на прашања користејќи „човечки јазик“. Исто така, може да имитира стилови на пишување и да го користи интернетот како што беше во 2021 година како своја база на податоци.

Microsoft инвестираше милијарди долари во развојот на оваа технологија, која во февруари стана дел од пребарувачот Bing. Ќе биде интегриран и во Office апликациите како Word, Excel, PowerPoint и Outlook.

Google и кинеската група Baidu исто така најавија свои модели со вештачка интелигенција и воведоа слични чат-ботови.

Сепак, познатите личности од светот на технологијата повикаа на запирање на развојот на моќни системи за вештачка интелигенција бидејќи веруваат дека тие можат да претставуваат опасност за луѓето. Отвореното писмо го потпишаа шефот на Twitter, Илон Маск и ко-основачот на Apple, Стив Вознијак, кои тврдат дека трката за развој на системи за вештачка интелигенција е надвор од контрола.

Инвестициската банка Goldman Sachs проценува дека технологијата за вештачка интелигенција може да замени 300 милиони луѓе на нивните работни места.

Италија минатиот месец стана првата западна земја што го блокираше ChatGPT поради загриженоста за приватноста.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе