УС ОПЕН 2022

Алкарас го освои УС опен и стана најмладиот тенисер на врвот на АТП листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го победи Каспер Руд од Норвешка во финалето на УС опен, а покрај грен слем титулата, оваа победа му го донесе и првото место на АТП листата со што влезе во историјата како најмлад тенисер кој се искачил на врвот на оваа листа.

Алкарас има 19 години и 4 месеци, а рекордот претходно го држеше Лејтон Хјуит, кој ја зазеде првата позиција кога имаше 20 години и 9 месеци, во 2001 година.

Во финалето на УС опен, Алкарас го победи Руд со 3:1 (6-4, 2-6, 7-6, 6-3), а натпреварот траеше 3 часа и 22 минути.

Алкарас, специјалист за земјена подлога, исто така стана најмладиот победник на грен слем турнир во машка сингл конкуренција откако неговиот сонародник Рафаел Надал ја освои првата од неговите многубројни титули во јуни 2005 година.

„Ова е нешто за што сонував уште од дете, да бидам број 1 во светот, да бидам шампион“, рече Алкарас, додавајќи дека размислува за некои од членовите на неговото семејство кои не можеа да дојдат да го гледаат во големото финале.

Алкарас одигра три последователни натпревари од пет сета на патот до финалето, вклучувајќи го и вториот најдолг натпревар во историјата на УС опен кога во четвртокот го победи Јаник Синер во четвртфиналето.

За време на УС опен, Шпанецот ја воодушеви публиката со својата брзина, борбеност и одлични шутеви. Оваа последна победа, многумина веруваат, би можела да биде прва од многуте грен слем титули во текот на неговата кариера.

„Секогаш велам дека нема простор за замор во последното коло на грен слем. Мора да дадете сѐ што имате внатре“, рече тој.

Рече и дека секојдневната напорна работа се исплати. Тој е исто така само вториот играч на отворено кој стигнал до финалето на УС опен во неговите тинејџерски години, по Пит Сампрас.

Remote video URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Read more

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе