Има причина зошто Фернандо Алонсо (42) сѐ уште не преговара околу новиот договор со Астон Мартин. Marca тврди дека празното место во тимот на Мерцедес од 2025 година е причината што Алонсо сѐ уште не ги започнал преговорите со својот актуелен тим.
Овој весник наведува дека сензационалниот трансфер на Луис Хамилтон во Ферари на крајот од сезоната 2024 година ги нарушила плановите на бројни возачи и тимови од Формула 1.
Астон Мартин и Алонсо имаат договор до крајот на годината и се уште не го продолжиле, иако се зборуваше за продолжување на соработката до 2026 година.
Сепак, пишува Marca, претставниците на шпанскиот автомобилист се обидуваат да вметнат клаузула според која Алонсо, доколку добие покана, би можел слободно да прифати евентуална покана од Мерцедес.
Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 2 март во Бахреин.