Ама засилување: Пјаниќ нема дадено гол 15 месеци

Вчерашното издание на каталонскиот весник Diario Sport го обележа текстот за Миралем Пјаниќ, во кој се нагласува дека никој не разбира што се случува со репрезентативецот на Босна и Херцеговина, кој пристигна на Ноу Камп како големо засилување, а неговата улога во Барселона е мала.

Играчот од средниот ред поминува целосно незабележан, а во Елче не влезе во игра во второто полувреме по подолго загревање. Бројките се јасни - Пјаниќ одигра само 40 проценти од своите минути од пристигнувањето во Барса и досега не успеа да го оправда епитетот засилување.

Diario Sport анализира дека Пјаниќ нема постигнато гол повеќе од 15 месеци. Неговиот последен погодок беше во октомври 2019 година за Јувентус против Болоња, што е поразителна статистика.

URL

Како што се наведува, големиот проблем на Пјаниќ е што тој не дава позитивни знаци дури и преку играта. Точно, тој покажа одличен технички квалитет, но никогаш во континуитет. Покрај тоа, сè уште се забележува дека заостанува кога станува збор за физичка подготвеност во однос на соиграчите и е далеку од вистинскиот ритам.

Понатаму во текстот се вели дека Серхи Роберто е пред заздравување од повредата и дека наскоро ќе биде во конкуренција за првиот тим, што го прави тренерот Роналд Куман особено среќен.

URL

Покрај тоа што може да ја покрие позицијата десен бек, холандскиот стручњак планира да го искористи и на средината на теренот на местото на Пјаниќ, затоа што е незадоволен од неговата игра. Куман веќе го користеше на таа позиција против киевски Динамо во Лигата на шампиони и против Атлетико во Ла Лига кога Пике се повреди.

Конечно, Пјаниќ ќе има две нови натпревари со кои ќе се обиде да покаже напредок - во среда во Копа дел Реј против Рајо Ваљекано и в недела во Ла Лига против Атлетик, во натпревар во кој Серхио Бускец нема да биде поради картони.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе