Амбасадорот во Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР

МНР со став во врска со информацијата која дојде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за наводниот мегаскандал со македонскиот амбасадор во Јапонија.

„Како што веќе објавивме, повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури.

Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници“, велат од ова министерство.

Со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува, како што велат од МНР, лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски; со ова однесување ВМРО-ДПМНЕ не само што го изгуби човечкиот компас, туку и директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно беше истакнато дека амбасадорот во Јапонија извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени за што бил пријавуван неколкупати.

„Личниот пријател на Никола Димитров, а особено близок на претседателот Пендаровски и амбасадор на Република Македонија во Јапонија и на Бујар Османи, Горан Цеков, извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени за што е пријавуван неколкупати“, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ласовска.

Јапонската државјанка го пријавила Цеков во неколку наврати, но она што е уште повознемирувачко е што тој амбасадор истовремено сексуално нападнал и своја колешка од ДКП во Јапонија за што било алармирано во МНР неколкупати, но никој не презел ништо! Амбасадорот е вратен во земјата, но поминува само со мерка враќање назад“, вели праетничката.

„Во сериозни држави, каде што не владеат антидржавни ентитети како СДС и ДУИ, вакво тешко дело најмалку се казнува со одземање на амбасадорското звање, престанок на работниот однос во МНР, оставка на министерот и хиерархиски казни за сите што молчеле три месеци за нападот врз жените“, изјави таа.

Пратеничката упати клучни прашања до власта:

1. Дали скандалот е прикриван неколку месеци поради неговите лични релации со претседателот Пендаровски?

2. Дали на Цеков ова му е прв ваков сексуален напад?

„Во согласност со законските прописи, сексуалното вознемирување е кривично дело и овој господин треба и кривично да одговара“, додаде таа и побара од Бујар Османи да ги изнесе јавно сите детали од извештајот за дисциплинската комисија, каде што се наведени сите детали за овој чин.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе