Амбра вредна пола милион долари најдена во цревата на кит

На Канарските острови е пронајден блок од амбра вреден над 500.000 долари (над 450.000 евра). Откритието било најдено во цревата на кашалот проучуван за време на аутопсија.

Во трупот на китот од видот кашалот (Physeter macrocephalus) е пронајден блок од амбра од 9,5 килограми, чија вкупна вредност е над половина милион долари. Откритието е направено во Ногалес, град во Лас Палмас на Канарските Острови, од страна на шефот на Институтот за здравје на животните и безбедност на храна при локалниот универзитет, Антонио Фернандес Родригес.

При обдукцијата на дебелото црево на животното, пронајдено е тврдо тело закачено на дел од цревата: подобро анализирајќи го, сфатиле дека се работи за блок од многу скапоцена сива амбра со дијаметар од околу 50-60 см и со тежина од околу 9,5 кг. Но, како се формира амбра? И зошто се смета за толку скапоцен материјал?

Амбрата – понекогаш погрешно наречена „повраќаница од кит“ – не е ништо повеќе од цревна блокада на овие големи животни. Ова главно се формира поради клуновите на мекотелите кои, бидејќи се многу тврди, понекогаш животното не ги вари. Ако овие се заглават во цревата, може да формираат блокада околу која се таложи измет, предизвикувајќи вистинска „блокада“ што може да доведе до смрт на животното.

Вака речено може да изгледа како неинтересна супстанција, но во реалноста нејзината вредност е неверојатно висока поради нејзината широка употреба во индустријата за парфеми. Всушност, амбрата содржи супстанца наречена амбреин која е фиксатор, односно им овозможува на парфемите подолго да го задржат својот мирис. Се разбира, постои и синтетички пандан, но познавачите веруваат дека ништо не се споредува со природниот пандан.

Ова објаснува зошто овој блок од помалку од 10 кг може да вреди над 500.000 долари.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе