Америка поделена: Дали ќе има мирна транзиција на власта?

Уште се чека за официјални резултати од изборите во САД, а додека се чека потврда дали Џо Бајден дефинитивно е новиот претседател на најмоќната држава во светот,  стигнуваат различни реакции од целиот свет.

Иако сѐ поизвесно е дека Џо Бајден ќе стане новиот претседател, неизбежно се поставува прашањето - дали Трамп ќе ја предаде власта мирно и што носи победата на Бајден?

URL
Републиканците поднесуваат тужби

Изборниот штаб на актуелниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе покренат судска постапка со цел да го прекинат процесот за проверка на изборните резултати во сојузната држава Мичиген.

Во исто време, демократите објавија дека еден наводен сведок на „местење“ на изборните резултати во државата Пенсилванија, ги повлекол обвинувањата, објави Reuters.

Републиканскиот правен советник Мет Морган рече дека од судот било побарано да ја прекине верификацијата на резултатите од изборите во Мичиген се додека не се утврди со сигурност дека гласањето е спроведено во согласност со законот.

Тирада на Fox News против демократите
URL
Демократите го зазедоа Претставничкиот дом

Демократската партија доцна синоќа обезбеди мнозинство во Претставничкиот дом на САД со најмалку 218 освоени места на изборите одржани на 3 ноември, пренесува Associated Press.

Додека демократите би можеле да освојат уште неколку места во долниот дом на Конгресот, нивното мнозинство ќе биде помало отколку во претходното свикување.

Според пресметките на американската новинска агенција, демократите може да изгубат 15 места во тоа тело, кое брои 435 члена, по големиот прилив на републикански гласови.

Демократите досега имаа 232 места во Претставничкиот дом.

Иако демократот Џо Бајден победи на претседателските избори, постојат големи шанси Републиканците да го задржат мнозинството во Сенатот, пишува Associated Press.

Бајден продолжува да зборува за здравствената заштита

„Во јануари, ќе соработуваме брзо со Конгресот за драматично зголемување на здравствената заштита, за да ја доведеме Америка до универзална покриеност и да ги намалиме трошоците за здравствена заштита“, напиша Бајден синоќа.

URL
реклама

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

Кога почнува староста?

Read more

3 едноставни чекори како да ослабите 10 килограми

Read more

Дали Камила ја стигна кармата за она што ѝ го направи на Лејди Ди?

Read more

Свет

Шефицата на француската крајна десница ѝ го врти грбот на германска AfD

Read more

Шведски командант: Путин го сака островот Готланд, ако нападне, почнува војна со НАТО

Read more

Русија сака ревизија на границите

Read more

Koи земји досега ја признаа Палестина?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левица дава поддршка

Читај повеќе

Волстрит се лизна, инвеститорите претпазливи

Читај повеќе

Ковачевски падна

Читај повеќе

Шефицата на француската крајна десница ѝ го врти грбот на германска AfD

Читај повеќе

Сончево време со температури до 28°C

Читај повеќе

14 пратеници: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

Читај повеќе

ДСЗИ влезе во Токсикологија: Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази

Читај повеќе

На сцената на Националната опера и Балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана

Читај повеќе

Шведски командант: Путин го сака островот Готланд, ако нападне, почнува војна со НАТО

Читај повеќе