Колумбија го бара „светиот грал“: Праќа експедиција до потонат брод со богатство

Колумбија ја започна почетната фаза на подводна експедиција за истражување на шпански воен брод кој потона на Карибите пред повеќе од 300 години.

Експертите веруваат дека потонатиот брод содржи артефакти вредни милијарди долари.

Колумбиските власти тврдат дека во 2015 година откриле брод недалеку од брегот на Картагена. Оттогаш, остатоците од потонатиот брод „Сан Хосе“ често се нарекуваат „светиот грал на бродоломите“, пренесува CNN.

Превезувал злато, сребро, смарагди...

Бродот со 62 топа и три јарбола – водечки брод и најголемата галија на шпанската флота - се верува дека носел злато, сребро, смарагди и други вредни стоки од рудникот Потоси во Перу. Колку што е познато, потонал на 8 јуни 1708 година за време на битката со Британија. Во тоа време на него имало околу 600 луѓе. 

За време на првата фаза од експедицијата, експертите ќе се фокусираат на фотографирање на бродот, соопшти Колумбискиот институт за антропологија и историја (ICANH), додавајќи дека подоцна би можеле да се обидат да добијат археолошки артефакти.

ICANH го прогласи локалитетот за национално заштитено археолошко наоѓалиште за „да се зачува неговата научна и археолошка вредност“. За време на експедицијата, планираат да користат подводен брод со акустични уреди за позиционирање, како и далечински управуван што може да се спушти до длабочината каде што се наоѓа потонатиот брод.

Remote video URL
Правна битка вредна милијарди долари

Откривањето на „Сан Хосе“ е значајно за Колумбија поради културните и историските артефакти кои би можеле да обезбедат поголем увид во европската економска, социјална и политичка клима во текот на почетокот на 18 век. Но, тоа доведе и до правна битка од повеќе милијарди долари. Имено, Колумбија наведува дека го открила „Сан Хосе“ во 2015 година со соработка на меѓународни научници.

Нејзините тврдења се оспорени од американската компанија Sea Search-Armada (SSA), која тврди дека била првата што го пронашла потонатиот брод во раните 80-ти.

SSA започна правна битка против колумбиската влада пред арбитражен суд, тврдејќи дека има право на 10 милијарди долари; што е околу половина од проценетата вредност на богатството на потонатиот брод. Колумбиската влада ги оспорува наводите на SSA.

реклама

Чек дис аут

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Read more

Топ 12 ненаселени места во светот

Read more

Корисни домаќински трикови со кондоми

Read more

Војна на кујните: Италијанска одмазда

Read more
 

Магазин

Што си дробел, тоа ќе сркаш

Читај повеќе

Преработена храна што треба да се јаде и при процесот на слабеење

Читај повеќе

За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака

Читај повеќе

Четири нискогликемиски намирници кои поддржуваат здраво слабеење

Читај повеќе

Летото ќе промени сѐ: Хороскопски знаци кои мора да се подготват за љубовни турбуленции

Читај повеќе

Маск му донесе интернет на племе во Амазон и ги навлече на порнографија

Читај повеќе

Црвеното грозје го намалува холестеролот и има антистареечки ефекти

Читај повеќе

Како да го забрзате метаболизмот: Многу е полесно отколку што мислите

Читај повеќе

Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Читај повеќе