Русија сака ревизија на границите

Руското Министерство за одбрана предложи ревизија на границите на руските територијални води во Балтичкото Море, според нацрт-одлуката на владата, што предизвика незадоволство на Финска, членка на НАТО алијансата.

Според предлог-одлуката од 21 мај, министерството предложи промена на границата околу руските острови во источниот дел на Финскиот Залив и околу Калининград.

„Преминувањето на државната граница на Руската Федерација на море ќе се промени“, стои во резимето на предлог-одлуката. Доколку биде одобрена, одлуката ќе стапи на сила во јануари 2025 година.

Како оправдување за промената, Министерството за одбрана рече дека претходните советски мерења на границата во 1985 година користеле наутички карти од средината на 20 век и затоа не одговараат целосно на посовремените картографски координати.

Врз основа на нацртот, не е јасно како точно би се менувала границата или дали имало разговори за тоа со други држави на Балтичкото Море.

„Финските власти ги истражуваат информациите во руските медиуми за назначувањето на поморски зони во Финскиот залив“, изјави финскиот претседател Александер Стуб.

„Владата внимателно ја следи ситуацијата. Русија не е во контакт со Финска во врска со ова прашање. Финска се однесува како и секогаш: смирено и базирано на факти“.

Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави дека Русија треба да се придржува до Конвенцијата на Обединетите нации за морското право и додаде дека Москва сее „конфузија“.

Следуваше реакција од шефот на шведското Министерство за одбрана, Микаел Биден, кој обвини дек „Владимир Путин го сака шведскиот остров Готланд

Тагови
реклама

Свет

Израел со средновековно оружје го напаѓа Хезболах

Read more

Додик: Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа

Read more

Во Германија запленет кокаин вреден една милијарда евра

Read more

Советот на ЕУ поддржа формирање база на таленти: Ќе се олесни вработувањето лица од трети земји

Read more
 

Вести

Во недела посебен режим на сообраќај во Oпштина Илинден поради велосипедска трка

Читај повеќе

Возач на Audi побегнал откако удрил во велосипедист и тешко го повредил

Читај повеќе
  • filter

На Прилеп му треба нова театарска зграда!

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел со средновековно оружје го напаѓа Хезболах

Читај повеќе

Фолклорни игри под Шара во Тетово

Читај повеќе

Додик: Босна и Херцеговина е последната колонија во Европа

Читај повеќе

Црна дупка на театарот Антон Панов од Струмица – најдобра претстава, 7 награди за Иванов на МНТ на 58. МТФ Војдан Чернодрински

Читај повеќе

Бесплатни прегледи на бенки и промени на кожата денес во Градски парк во Скопје

Читај повеќе

Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни

Читај повеќе