Американец отстранет од списокот за трансплантација на срце бидејќи одбил ковид вакцина

Болница во Бостон соопшти дека нема да изврши трансплантација на срце на пациент кој одбива да се вакцинира против COVID-19.

Ди Џеј Фергусон (31), претходно имал приоритет за трансплантација на срце во болницата Brigham and Women’s Hospital, но повеќе не ги исполнува условите бидејќи одбива да се вакцинира, соопшти семејството на Фергусон, според извештајот на CBS Boston.

„Тоа е нешто против неговите основни принципи - тој не верува во тоа“, рече таткото на пациентот, Дејвид Фергусон. „Тоа е политиката што ја спроведуваат и затоа, бидејќи не сака да прими вакцина, го отстранија од списокот за трансплантација на срце“.

Brigham and Women's Hospital ја објасни логиката зад одлуката:

„Како и многу други програми за трансплантација во Соединетите Американски Држави – вакцината против COVID-19 е една од неколкуте вакцини и животни навики што се бараат од кандидатите за трансплантација во системот Mass General Brigham со цел да се создадат и најдобри шанси за успешна операција, и за преживување на пациентот по трансплантацијата“.

Други медицински експерти изјавија дека ја поддржуваат политиката на болницата, истакнувајќи дека имунолошкиот систем е исклучително слаб по трансплантацијата, што ги прави вакцините уште поважни.

„По секоја трансплантација, бубрег, срце што и да е, вашиот имунолошки систем е исклучен. Грипот може да те убие, настинката може да те убие, Ковид може да те убие“, изјави за CBS Boston д-р Артур Каплан, шеф за медицинска етика на Медицинскиот факултет Гросман на Њујорк.

 „Органите се дефицитарни: нема да ги дистрибуираме на некој што има слаби шанси за живот кога другите кои се вакцинирани имаат поголеми шанси да преживеат по операцијата“.

Семејството на Фергусон соопшти дека не се сигурни што да прават следно со оглед на неговото одбивање да ја прими вакцината против COVID-19. Размислувале да го префрлат во друга установа, но признаваат дека можеби нема да го преживее патувањето.

„Агресивно ги истражуваме сите опции, но ни истекува времето“, рече Дејвид Фергусон.

Семејството рече дека иако добиле одлична нега во Brigham and Women's Hospital, не се согласуваат со политиката.

„Мислам дека моето момче се бори прилично храбро, и има интегритет и принципи во кои навистина верува, а тоа ме тера да го почитувам уште повеќе“, рече Фергусон за неговиот син, кој е татко на две деца со уште едно на пат. „Тоа е негово тело. Тоа е негов избор.“

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Read more

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more
 

Вести

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе