Медицинска сестра од Охајо тврди дека вакцината против ковид ја направила магнетизирана, што и се обиде јавно да го докаже тоа. Нејзиниот неуспех предизвика смеа на Twitter.
Тврдењето дека поради вакцината станала магнет го произнесе и пред Министерството за здравство, обидувајќи се да го докаже тоа ставајќи клуч на вратот.
„Може ли да го објасните ова?“, праша таа пред присутните среде неуспешната демонстрација.
Ниту еден од предметите не се задржа на нејзиното тело, но кога клучот го залепи на градите, предметот кратко се задржа, пишува BuzzFeed. Тоа се случи бидејќи човечкото тело излачува себум и пот, па поради тоа кожата е леплива и предметите накратко можат да се залепат на неа.
Важно е да се нагласи дека повеќето клучеви денес се изработени од алуминиум и дека не постои можност да бидат привлечени од магнет.
Колку е смешна оваа нова теорија на заговор за вакцините покажуваат и реакциите на Twitter. Твитерџиите со денови ѝ се смеат на медицинската сестра Џоана Оверхолт и другите кои веруваат во тоа.