Американските фудбалерки се изборија, ќе имаат исти плати како и мажите

Американската фудбалска дедерација се обврза ѝ да плати на женската фудбалска репрезентација истоа сума како на машката и воедно да плати дополнителни 24 милиони долари на девојките за да се откажат од тужбата.

На овој начин се реши долгогодишниот спор околу еднаквите плати, а фудбалерките овој потег го оценија како пресвртница за спортот.

Федерацијата вети дека во иднина ќе обезбеди еднаква плата за женските и машките репрезентации на сите пријателски натпревари и турнири, вклучувајќи го и Светското првенство.

Од 24 милиони долари што ќе ги плати Федерацијата, 22 милиона ќе бидат распределени на начин кој го предложија фудбалерките, а 2 милиона ќе бидат инвестирани во фондот за благосостојба на фудбалерките те за да им се помогне по завршувањето на кариерите, како и за разни хуманитарни акции.

URL

Спорот датира од 2016 година, кога американските репрезентативки покренаа федерална тужба за дискриминација на платите, тврдејќи дека добиваат помалку од фудбалерите, иако заработуваат повеќе за Американската фудбалска асоцијација.

Женскиот фудбалски тим на САД е четирикратен светски шампион (1991, 1999, 2015 и 2019), додека машките колеги во совремета ера на фудбалот никогаш не напредувале подалеку од четвртфиналето на Светското првенство, а најголемиот успех го имаат направено во далечната 1930 година кога на првиот историски Мундијал беа елиминирани во полуфиналето.

Американките освоија и 4 олимписки златни медали (1996, 2004, 2008 и 2012), додека фудбалерите имаат сребро и бронза и тоа од пред повеќе од еден век, на Игрите во 1904 кога освоија медали со два различни тима, а во конкуренција на вкупно, верувале или не, три (канадскиот тим земал злато).

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе