Анчелоти не може да се одлучи: Навивам за Милан и за Реал

Фудбалерите на Реал Мадрид и Милан не можат да се паднат еден против друг пред финалето од Лигата на шампиони, а доколку тоа се случи во големото финале италијанскиот стратег ќе има „големи проблеми“, со оглед на тоа што на шпанските медиуми им откри кои клубови му се во срцето.

Имајќе предвид дека моментално е работно врзан за кралскиот клуб, некако е логично, и сосема извесно, дека повеќе ќе се радува на успех на бранителот на европскиот трон. Но, и потенцијалниот триумф на „Росонерите“ не би го разочарал, напротив...

„Навивам за Милан и за Реал Мадрид. Не можам да се одлучам кој ми е поград. Двата клуба ги чувствувам како свои и така ќе биде засекогаш. Многу пати сум кажал дека му е убаво во Мадрид, дека се чувствувам како дома и би сакал да останам во овој клуб колку што е можно“, рече Анчелоти.

Италијанскиот стратег како играч во два наврата го освојуваше европскиот трон со Милан во тогашниот Куп на шампионите, а има и две Скудета, додека како тренер исто така двапати ја освои Европа со Милан, како и едно Скудето. Со Реал како тренер има 2 титули во Лигата на шампионите и една во Ла Лига.

Интересно, Анчелоти најголем дел од својата играчка кариера мина во Рома, дури 8 сезони, освои и Скудето, а одигра 227 натпревари во сите натпреварувања и постигна 17 голови. Сепак, овој клуб не го вброи во омилените. Воедно, никогаш не седнал на клупата на „Волчицата“. Кариерата ја почна во Парма.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе