Анчелоти: Не планираме ниту едно засилување во јануари

Реал Мадрид е на второто место во шпанското првенство во кое се одигра 12. коло.

Изненадувачки, Жирона е на врвот на табелата со два бода повеќе, а зад Реал Барселона со два бода помалку од најголемиот ривал и Атлетико, кој има четири бода помалку со натпревар помалку. Иако борбата за титулата шпански првак е многу интересна, Карло Анчелоти смета дека не му требаат засилувања во јануари.

Ова го изјави тренерот на Реал на денешната прес-конференција пред натпреварот против Брага во Лигата на шампионите (среда, 21 ч.). Мадриѓаните имаат големи амбиции и во ова натпреварување, а засега се 100% во групната фаза по три одиграни натпревари и на пат кон втората рунда од натпреварувањето.

Милитао и Куртоа се враќаат

„Не планираме да носиме играчи во јануари. Ниту еден. Мислам дека нема да има јануарски преоден рок за нас. Пред крајот на сезоната кај нас ќе се вратат Едер Милитао и Тибо Куртоа и ништо не планираме за јануари. На лето? Можеби“, изјави Анчелоти и со тоа потврди дека Реал ќе биде мирен во зимскиот период.

Тоа значи и дека не се очекува доаѓањето на Килјан Мбапе, францускиот напаѓач на ПСЖ кој често се поврзува со доаѓањето во Мадрид. Да потсетиме, тој е под договор со францускиот шампион само до крајот на сезоната кога ќе стане слободен играч. Се пишуваше дека веќе се договорил со Реал. Мбапе постигна 224 гола и асистираше 99 пати во 273 натпревари за ПСЖ.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе