Анчелоти: Реал е најдобриот клуб на светот, тоа сите го знаат

Карло Анчелоти изјави дека е изненаден што во изборот мадридскиот клуб не беше прогласен за најдобар тим за минатата сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Голгетерот на Реал, Карим Бензема, на церемонијата во Париз ја доби Златната топка за најдобар фудбалер во минатата сезона. Во топ 10 најдобри фудбалери се најдоа уште тројца играчи на Реал и тоа Тибо Куртоа, Винисиус Жуниор и Лука Модриќ, но за најдобар клуб беше прогласен Манчестер Сити, иако минатата сезона Реал беше тој кој ја освои Лигата на шампионите, а го освои и шпанското првенство.

Згора на тоа, Реал на Анчелоти на патот до финалето го елиминираше токму Сити и тоа во полуфиналето.

„Горд сум на успехот на моите играчи. Се радувам што Карим ја доби Златната топка. Горд сум и поради добриот пласман на Куртоа, Модриќ и Винисиус. Во овој клуб постои сѐ што е потребно за успех: историја, компетитивност, квалитет на играчите и атмосфера“, изјави тој.

Италијанскиот стратег истакна дека не му се јасни одредени критериуми за гласањето во изборот на Златната топка.

„Не го разбирам критериумот за гласање на клупско ниво. Мислам дека не ја дава реалната слика за екипите, бидејќи јасно е дека најдобар беше Реал, кој ја освои Лигата на шампиони. Исклучително ги почитувам доделените награди, но ние на клупско ниво најголемата ја добивме во мај. Ме чуди тоа што во топ 30 не се најдоа некои наши фудбалерри. Тони Крос, Едер Милитау, Федерико Влаверде или Дејвид Алаба. Некој ќе рече дека сум пристрасен и дека се наоѓам во судир на интереси... Да, можеби и сум“, заврши Анчелоти.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе