Анчелоти: Ришарлисон може да биде меѓу најдобрите напаѓачи во Европа

Италијанскиот стратег го фали неговиот играч за кого смета дека наскоро би можел да стане еден од најдобрите напаѓачи на Сатриот континент.

Предводникот на Евертон, Карло Анчелоти, предвидува дека Бразилецот Ришарлисон џи Андраде, бидејќи ги има сите потребни атрибути, наскоро ќе се најде помеѓу водечките напаѓачи во Европа.

„Ришарлисон е модерен напаѓач, комплетен напаѓач, бидејќи тренира навистина напорно. Неговата физичка статистика е многу висока, како на играч од средниот ред, но има брзина и е убиствен во шестнаесетникот“, вели Анчелоти.

„Тој е неверојатен во играта со глава и одлучен пред голманите, а неговото движење со топка е навистина добро“

Ришарлисон во тимот од Ливерпул дојде летото 2018 година од редовите на Вотфорд каде мина само една сезона откако ја напушти татковината каде настапуваше за Флуминенси и Америка Минејру.

„Мислам дека може да биде еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Сигурен сум дека го може тоа бидејќи ги има сите потребни квалитети, а згора на тоа нема една посебна позиција на теренот. Тој е навистина комплетен играч“, додава Анчелоти.

Сезонава 23-годишниот Бразилец одигра 21 натпревар во Премиер Лигата, постигна 5 голови и 3 пати асистираше. Постигна по 3 гола во ФА купот и во Лига купот. Претходните две сезони постигнуваше по 13 голови во англиската лига.

„Онаму каде што треба да се поправи е неговата техника. Може ја подобри контролата на топка и сето тоа, но неговото движење без топка е навистина одлично и позиционирањето во шестнаесетникот му е од највисок стандард. Би напредувал играјќи во Лигата на шампионите, тоа би било фантастично искуство“, заврши Италијанецот.

Евертон сезонава се бори за пласман во Лигата на шампионите, но го чека тешка битка до крајот. Моментално го дели 6. место со градскиот ривал Ливерпул со кој имаат по 43 бода, додека последното место кое води во европската елита го држи Вест Хем со два бода повеќе. Вечерва играат на гости кај Вест Бром, а в понеделник ги чека директен дуел со 5-тиот Челси и тоа на гостински терен.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе