Анџелина Џоли го обвини Бред Пит: Психички и физички ме малтретираше мене и децата 

Анџелина Џоли тврди дека Бред Пит ја грабнал за глава и нападнал две од нивните деца, обвиненија кои тој ги негира.

Анџелина Џоли поднесе судски документи во кои тврди дека поранешниот сопруг Бред Пит во пијана состојба ги нападнал неа и нивните деца за време на приватен лет, поради што и побарала развод.

Во тужбата за една француска винарија што ја купи парот, Џоли вели дека Пит ја фатил за глава и ги нападнал нивните две деца за време на патување во 2016 година.

Пит наводно и вербално ги малтретирал додека постојано пиел алкохол на летот од Франција до Лос Анџелес.

Пит ги отфрли обвинувањата.

Извор близок до актерот изјави за BBC дека тврдењата на Џоли се невистинити.

„Таа продолжува да ги менува описите за настаните од пред шест години додавајќи целосно лажни информации секојпат кога не успева да го добие она што го сака“, вели изворот.

„Нејзината приказна постојано се менува“.

Тврдењата на Џоли за опасното однесување на Пит во текот на летото на 14 септември 2016 година, се појавија и во претходни судски документи.

Но, дополнителни детали за случајот се појавија во новите документи поднесени од адвокатскиот тим на Џоли во судот во Лос Анџелес.

Тие документи се дел од барањето за сопственост на замокот и лозје Миравал на југот на Франција.

Поранешен холивудски пар го купи овој имот заедно.

Пит тврди дека со неговата поранешна сопруга се договориле да не го продаваат сопственичкиот удел без согласност на вториот.

Џоли го негира ова тврдење и го обвинува Пит за прекин на преговорите за купување на нејзиниот удел во замокот и лозјето.

Во нејзината контра-жалба се наведува дека актерот за време на летот од Франција физички и психички ја малтретирал неа и две од децата кои тогаш имале осум и 15 години.

Нејзините адвокати тврдат дека Пит почнал да ѝ вика на Џоли, велејќи ѝ дека „покажуваат преголема почит кон децата“.

Набргу по полетувањето на авионот, „Пит ја турнал во тоалетот“ во задниот дел од авионот, се наведува во тужбата.

„Пит ја грабнал Џоли за глава и ја тресел, а потоа ја фатил за раменици и ја турнал до ѕидот од бањата, тресејќи ја уште еднаш“, се наведува во документите.

„Пит потоа удрил неколку пати во таванот со раката, а потоа Џоли изглегла од тоалетот“.

Откако едно од децата се обидело вербално да интервенира, Пит „го нападнал“, се наведува во документите.

Џоли го зграпчила одзади за да го спречи, се вели во тужбата.

За да ја симне од грбот, Пит се фрлил наназад во авионското седиште.

Актерката притоа ги повредила грбот и лактот.

Децата се втурнале и храбро се обиделе да се заштитат едни со други.

Пред да заврши сè, Пит го гушел едното дете, а другото удирал по лицето.

Адвокатите на актерката велат дека таа и нејзините деца „тивко седеле под ќебињата“ до крајот на летото.

„Пит повремено излегувал од задниот дел на авионот за да им вика и да ги пцуе. Во еден момент ја полил Џоли со пиво, а во друг децата со пиво и црвено вино“, се вели во судските документи.

Во 2016 година, ФБИ го истражуваше инцидентот и одлучи да не покренува обвиненија.

Минатата година, судија им додели заедничко старателство над децата на Пит и Џоли.

Имотот Миравал се наоѓа во селото Корен на југоистокот на Франција, а го купиле во 2008 година за 25 милиони евра.

Шест години подоцна, актерот и актерката се венчаа на имотот.

Пит ја тужеше Џоли, тврдејќи дека нејзината одлука да го продаде сопствениот удел во имотот на руски олигарх е обид да ја „поткопа“ неговата инвестиција и да му наштети на „винскиот бизнис во кој вложил пари и капитал“.

Адвокатите на актерката велат дека Џоли се потрудила да ги заштити децата од болката што Пит му ја предизвикал на семејството тој ден.

Тие додаваат дека одлуката на Џоли да го продаде својот дел е резултат на тоа што ѝ е „непријатно да продолжи да биде вклучена во бизнис поврзан со алкохол“ со оглед на проблемот на актерот.

Пит, кој претходно зборувал за својата љубов кон архитектурата и дизајнот, одлучил дека на замокот му треба петти базен по цена од еден милион евра и сакал скалите да се реновираат четири пати, вели Џоли.

Пит изјави за New York Times во 2019 година дека се придружил на група за одвикнување од алкохол откако се разведе од Џоли.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе