Анџелина Џоли повторно ќе биде Maleficent

Анџелина Џоли во неодамнешното интервју потврди дека работи на третото продолжение на серијалот Maleficent.

Последниот филм од серијалот, наречен Maleficent: Mistress of Evil, беше објавен во 2019 година, а најновото продолжение е моментално во продукција.

Maleficent е играна адаптација и римејк на анимираниот класик „Заспаната убавица“ од 1959 година. Во филмот Џоли ја отелотвори злобната самовила Малефисент (Злорада), од чија перспектива е раскажан целиот филм. Заедно со Анџелина Џоли, во филмовите глумеа Ел Фанинг, Мишел Фајфер, Харис Дикинсон, Ед Скрајн, Чиветел Еџиофор и Џуно Темпл.

Филмовите Maleficent колективно заработија повеќе од 1 милијарда долари, што ги прави меѓу најуспешните адаптации на Disney.

Џоли не навлегува во детали за продукцијата на новиот филм, па сè уште не е познато дали остатокот од актерската екипа од претходните филмови ќе се појави во Maleficent 3.

Сака да го напушти Холивуд

Џоли за време на интервјуто откри дека сака да се одмори од актерството и да се оддалечи од Холивуд. Нејзината желба е да се пресели на некое време во Камбоџа.

„Пораснав на прилично плитко место. Од сите места во светот, Холивуд не е здраво место. Затоа ја барам автентичноста", рекла актерката. „Ќе се иселам штом можам.“

Актерката признала и дека веројатно не би се занимавала со глума доколку денес повторно би бирала кариера, бидејќи би сакала да ја зачува својата приватност.

„Кога почнав, не се очекуваше актерите да бидат толку јавни, да споделат толку многу детали“, изјави Џоли.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе