Ангела Меркел цел на руските „шегаџии“ со телефонски местенки

Руските комичари Вован и Лексус, познати по своите телефонски местенки, ѝ се јавија и на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, претставувајќи ѝ се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Како што наведуваат западни медиуми, се чини, таа подобро „се држела“ од многумина свои колеги од политиката, па неколкупати и вешто одбила да коментира на некои прашања, прагматично останувајќи на ставот дека таа веќе не е дел од власта и не треба премногу да копа во минатото. Така, прашана за договорите од Минск од 2014 година, Меркел рече дека нема смисла да се навраќа на тоа.

Таа исто така истакна дека не сака да шпекулира дали било можно да се спречи војната во Украина, но призна дека Договорите од Минск секако го одложиле судирот и му дале време на Киев.

- Во тој миг, за да не се случат полоши работи, сите ги потпишавме Договорите. Јас едноставно верувам дека тие ѝ дадоа на Украина повеќе време за развој во времето од 2014 до 2021 година. Овие договори беа добри за Киев, бидејќи благодарение на нив Украинците сега можат да му се спротивстават на Путин... Украина сега не само што може да одговори, туку доби и меѓународна поддршка, заклучи Меркел.

Прашана - што мисли, дали ќе може воено да се зајакне Украина до степен што ќe ја принуди Русија да преговара, Меркел повторно одби да одговори, велејќи дека Порошенко, бидејќи „е со армијата - во првите редови“, треба да знае подобро за тоа од неа.

- Петро, ​​уште потешко ми е да зборувам за тоа отколку тебе. Би сакала да слушнам оценка од тебе. Ние сме пријатели. Сакаме да ви помогнеме. Европската Унија е единствена по прашањето за Украина, иако има мали разлики меѓу земјите-членки, појасни таа.

За Западот, како што рече пензионираната политичарка, важно е водечките земји да водат координирана политика, а за германската Влада смета оти добро ја води својата државна политика.

- Луѓето како мене, кои веќе не се во Владата, не можат да направат ништо значајно, затоа може само да ја поддржам тековната работа на нашата Влада, вели таа.

Коментирајќи ја политиката на францускиот претседател Емануел Макрон, таа рече дека верува дека и германските и американските лидери, т.е. канцеларот Олаф Шолц и претседателот Џо Бајден, имаат многу добри односи со Макрон.

Поранешната германска канцеларка на крајот одбила да го продолжи разговорот на руски, на предлог на руските „шегаџии“, по што брзо го завршила разговорот за којшто, како што двапати нагласи, се надевала дека нема да заврши во медиумите. - Состојбата и онака е многу сложена и нашите две влади дефинитивно се во постојан контакт, нагласи таа.

Инаку, познатите руски комичари неодамна разговараа и со поранешниот шеф на Пентагон, Марк Еспер. - Украинскиот народ ја врши валканата работа за она што ние никогаш не сакаме да го правиме овде во САД, и затоа треба да продолжиме да ве поддржуваме (Украина) со сѐ што можеме, без разлика дали се работи за муниција, оружје или разузнавање, рече тогаш Еспер.

Меѓу целите на телефонските местенки бил и Џон Болтон, поранешен советник за безбедност на Доналд Трамп. Тој, пак, призна дека смета оти Германија, Франција и другите држави треба да бидат спречени да преговараат со Москва, и оти на Киев треба да му се дозволи да ја напаѓа руската инфраструктура на руска територија.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе