КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2020

Ангеловски: 30 години го чекаме овој бараж

Филип Здравески
/ 07.10.2020 / 14:57

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација на денешната прес-конференција изјави дека верува во своите фудбалери и во позитивен резултат утре против Косово, резултат кој во 30-годишната историја на независна Македонија ќе донесе невиден успех.

Дали македонската репрезентација е подготвена за утрешниот бараж?

„Може ли да се биде неподготвен за ваков натпревар? Ако во нешто сум сигурен тоа е дека утре ќе ги видите нашите момци во максимално издание затоа што овој натпревар го чекаме 30 години како фудбалска нација. Помалку е чудно да се игра во вакви услови, но тоа не е по ничија вина, знаеме светот од што е зафатен и ние се прилагодуваме на тоа и нормално дека  сите посакувавме овој натпревар да се одигра пред полн стадион, затоа што и предноста на домашниот терен е всушност таа, но условите се тие и ние на такви услови ќе се трудиме да го одиграме најдоброто од нас и да го добиеме натпреварот“, вели селекторот Игор Ангеловски.

Што ќе го реши овој натпревар?

„Ова на свој начин е финале, знаеме дека нијанси одлучуваат кога се играат натпревари од ваков калибар. Утре е битно, покрај желбата, да останеме мирни, тактички добро подготвени и она што ќе го договориме да го одиграме. Нијанси ќе одлучат, но тие нијасни ќе бидат на нашата страна и на крајот ние ќе бидеме тие кои ќе се пласираат во финалниот бараж“, оптимист е македонскиот кормилар.

Дали подготвена е посебна тактика и пристап за косовската репрезентација?

„Ова е натпревар како и секој друг, 11 на 11, оној пристап што го имавме за сите репрезентации ќе го имаме и за Косово. Ги анализиравме добро, знаеме кои се нивните добри и лоши страни и нормално ќе се трудиме да ги искористиме, свесни сме за сѐ она пшто го наравивме изминативе години и впрочем самите се доведовме во ситуација да се бориме за Европско првенство. Тоа за нас не е притисок, тоа за нас е еден момент во кој навистина уживаме и не планираме да застанеме тука, напротив, планираме да го извадиме и последниот атом од нашите сили и да го пружиме она најдоброто од овие фудбалери. А, добро знам што можат и не сум воопшто песимист дека тоа ќе го направат утре“.

Со каква тактика ќе излезе Македонија утре на терен?

„Не би кажал сега како ќе играме, тоа го оставам за фудбалерите. Но, ништо поразлично од она што имавте можност да го видите од нашата репрезентација со други противници, дали Шпанија и Италија, или против Лихтенштајн и Гибралтар. Секогаш сум бил сконцентриран на нашата игра, на можноста на нашите фудбалери, и тактички и технички, психички да бидат подготвени, така ќе биде и овој пат“, вели тој.

Можно е да има продолженија, па и пенали?

„Штом сите опции во еден натпревар се можни, наша задача е да ги разработиме сите можни опции, така да подготвени сме за секое можно сценарио. Сакам ние да бидеме тие кои на терен ќе го натераат противникот да игра на наш начин“.

Дали важноста на натпреварот прави притисок врз фудбалерите?

„Колку и да сакаме, не можеме да кажеме дека не чувствуваме притисок бидејќи после 30 години независност, после 30 години репрезентација на Македонија, ова е прв бараж на македонската репрезентација. Јас сум сигурен дека нема да биде и последен. Се надевам на прв и успешен, желба ми е, нормално, затоа што фудбалерите со својот однос, со сѐ што направија изминативе години и начинот на кој дојдовме до оваа ситуација, заслужија да го крунисаме со еден позитивен резултат на утрешниот натпревар“, признава Ангеловски.

Во септемвриските натпревари репрезентацијата делуваше неподготвена, изморена. Што е сега променето?

„Она издание во септември и ова сега ќе бидат потполно различни од аспект на физичка подготовка на фудбалерите. Сега веќе првенствата се почнати и сите имаат по неколку натпревари во своите нозе. Жалосно е она што се случи со капитенот, но како што кажа Горан, овој натпревар се игра и без тренинзи. Нормално дека не е исто да си во натпреварувачка форма и без тренинзи, но значењето на натпреварот, самата мотивација кај фудбалерите едноставно го вади оној последен атом од можностите да се даде на терен. Во септември имавме фудбалери кои буквално со два тренинга или без ич се ставија на располагање, така да сега ситуацијата е поинаква. Го истористивме и тој период да пробаме некои тактички варијанти, па и во Лигата на нации стартувавме позитивно, така да мислам дека ни служеа и како добра подготовка за овој натпревар“.

Кај Косово недостасуваат неколкумина првотимци. Дали поради тоа Македонија е фаворит?

„Во овој натпревар двете репрезентации ќе настапат некомплетни. Да не заборавиме дека ние останавме без Елиф Елмас, Косово остана без неколку клучни фудбалери, но утре натпреварот почнува 11 на 11, фудбалери кои за своите земји ќе сакаат да ја донесат победата. Јас како тренер стално сум сконцентриран повеќе на мојот тим. Нормално, го респектирам тимот на нашиот сосед, но тоа важи до почетокот на натпреварот. Штом почне натпреварот излегуваме со цел да го победиме и кој е подобар нека победи. Се надевам дека тоа ќе бидеме ние“, заврши селекторот на Македонија.

Дуелот со Косово се игра утре вечер од 20:45 часот на „Тоше Проески“ стадионот во Скопје пред празни трибини откако Министерството за здравство не дозволи ниту 30% публика, иако УЕФА истото го дозволи.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе