Англичанките го срушија австралискиот сон

Репрезентацијата на Англија го совлада кодомаќинот на женскиот Мундијал и се избори за финале против Шпанија.

За прв пат во својата историја женската репрезентација на Англија ќе игра мундијалско финале, откако попладнево со 3:1 ја совлада еуфоричната Австралија. 

Англичанките поведоа во 36. минута со голот на Ела Тун, која ги замолкна 75.784-те гледачи на преполниот стадион „Олимпик“ во Сиднеј. Со тој резултат се замина и на пауза.

Во вториот дел во 64. минута капитенката на домашните, Саманта Кер, со удар од 25 метри израмни на 1:1 и ја врати Австралија во игра.

Меѓутоа, само седум минути подоцна нов молк во Сиднеј. Англичанките по вторпат ја пробија австралиската одбрана и погодија преку Лорен Хемп. Победата и пласманот во големото финале ги потврди Алесиа Русо на четири минути пред крајот, оставајќи ги Австралијките во солзи.

Така, Англија против Шпанија ќе се обиде на титулата европски шампионки да ја додаде и светската. Англија на последните два Мундијала губеше во полуфиналето.

URL

Шпанија синоќа во Окленд, Нов Зеланд ја победи Шведска со 2:1 и исто така за прв пат избори финале.

Големото финалето ќе се игра в недела во Сиднеј со почеток во 12 часот по македонско време. Пренос ќе врши МРТ.

URL

Англија до финалето стигна елиминирајќи ги Нигерија (1:0), Колумбија (2:1) и Австралија (3:1), додека Шпанките ги совладаа Швајцарија (5:1), Холандија (2:1) и Шведска (2:1). Претходно во фазата по групи Англичанките беа први со перфектен скор против Данска (1:0), Кина (6:1) и Хаити (1:0), додека Шпанија беше втора откако загиби од Јапонија (0:4), а ги совлада Замбија (5:0) и Костарика (3:0).

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе