Анкета: Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Процентот на Британците кои сметаат дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија беше грешка достигна рекордно високо ниво и го надмина мнозинството, покажува денеска објавената анкета на YouGov.

Со малку економски придобивки по Брегзит, 57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската Унија во 2016 година е погрешна, наспроти 32 отсто кои сметаат дека е правилна.

Повеќе од половина, 55 отсто, би гласале за повторно влегување во ЕУ, наспроти 31 отсто кои рекле дека би биле за останување надвор од Унијата, доколку референдумот се одржи на денот на анкетирањето. Пред нешто повеќе од две години, во јануари 2021 година, 49 отсто од анкетираните изјавија дека ќе гласаат за повторно приклучување, додека 37 отсто би биле против.

Премиерот Риши Сунак во мај рече дека Брегзит носи предности, наведувајќи ја политиката на слободни пристаништа и намалувањето на ДДВ за кои рече дека ќе ги поевтини пивото и санитарните производи.

63% од Британците сметаат дека Брегзит е промашување

Економистите велат дека слободните пристаништа, специјалните зони кои содржат даночни и царински олеснувања и поедноставени трговски регулативи, веројатно нема да ја поттикнат британската економија, но може да имаат ограничена вредност како алатка за регионален развој.

Британските деловни инвестиции едвај пораснаа од средината на 2016 година, за разлика од другите напредни економии. Додека економистите кои го поддржуваат Брегзит укажуваат на фактот дека капиталот силно растеше во годините до 2016 година и требаше да забави, деловните анкети укажуваат на Брегзит како една од причините за стагнација.

Анкетата на YouGov во која учествуваа повеќе од 2.000 Британци покажа дека 63 отсто сега го гледаат Брегзит повеќе како промашување отколку успех, во споредба со 12 отсто кои повеќе го гледаат како успех.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе