Антика, Елмас и македонското знаме во календарот на Наполи за 2020
Календарот за 2020 година Наполи го направи во антички стил, а во него е и нашиот Елиф Елмас.
Сите фудбалери се претставени во облека која во античкиот Неаполис ја носеле гладијаторите и робовите, а со нив се појавуваат и девојки облечени во знамињата на државите од каде доаѓаат играчите.