Apple повеќе не е највредната компанија, нафтената криза ја симна од врвот

Apple од вчера повеќе не е највредната компанија во светот.

Нафтената компанија на Саудиска Арабија, Aramco, ја презеде титулата. СпоредBloomberg, овој пресврт се должи на порастот на цената на нафтата поради тековната инфлација.

Aramco, кој достигна пазарна капитализација од 2,43 илјади милијарди долари, го престигна Apple за првпат од 2020 година. Пресврт во рангирањето на највредните компании се случи вчера, откако акциите на компанијата од Купертино паднаа за 3,9% на берзата во Њујорк. Претходно оваа година, Apple ја објави својата пазарна вредност од 3 илјади милијарди долари, околу илјада милијарди повеќе од Aramco. Оттогаш, вредноста на Apple падна за 16%, додека вредноста на Aramco порасна за 27%.

Додека зголемувањето на цените на нафтата е добро за профитот на Aramco, зголемената инфлација предизвикува Федералните резерви на САД да ги зголемат каматните стапки со забрзано темпо. Како резултат на тоа, инвеститорите ги занемаруваат технолошките компании и предизвикуваат пад на цените на акциите.

Експертите веруваат дека ќе помине одредено време додека технолошките компании да закрепнат. Со оглед на тоа што ФЕД планира да ги задржи зголемените каматни стапки и нема решение за конфликтот во Украина, технолошките гиганти моментално не можат да ја задржат својата доминација.

Ограничувањата во синџирот на производство ќе продолжат да го мачат производителот на iPhone уште некое време поради конфликтот. Apple неодамна ги сподели резултатите од заработката за вториот квартал од 2022 година, а компанијата напомена дека очекува проблемите да се одразат и на резултатите од третиот квартал. Сепак, во рамките на секторот, Bloomberg тврди дека акциите на Apple сè уште се релативно безбедни за купување, бидејќи компанијата одржува стабилен раст оваа година.

И покрај тоа што Aramco го надмина Apple, овој технолошки гигант и понатаму е најпрофитабилната компанија во САД, а Microsoft е на второто место.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе