ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2021

Арсенал го донесе Одегард на позајмица од Реал Мадрид

Откако се ослободи од Озил, Арсенал веднаш донесе нов играч, барем за остатокот од сезоната.

Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард (всушност правилниот изговор е Едегор) доаѓа во Арсенал како позајмен играч од Реал Мадрид. Доаѓа на шест месеци и треба на тимот да му донесе креативност.

Самиот Одегард побара од Реал Мадрид да си замине зимава бидејќи беше незадоволен од малата минутажа која ја имаше кај Зинедин Зидан. Во Ла Лига одигра само 7 натпревари со вкупна минутажа од 232 минути. Настапи и двапати во Лигата на шампиони.

Одегард е во Реал уште од 2015 година кога дојде од Стремсгодсет како надежен тинејџер, но не ги оправда очекувањата. Ова е четврти пат како е позајмуван, претходно беше праќан во Хееренвеен и Витесе, а ланската сезона ја мина во Реал Сосиедад.

URL

Токму тимот од Сан Себастијан сакаше повторно да го донесе на позајмица, но Норвежанецот открива дека Микел Артета бил клучниот фактор поради кој го одбрал Арсенал.

„Зборував со него пред да дојдам тука. Тоа беше многу важно за мене, ми делува како топ тренер, ми се допаднаа неговите идеи, начинот на кој го гледа фудбалот и начинот на кој се однесува. Навистина ми остави голем впечаток и тоа беше клучно за мене да дојдам тука“, рече Одегард по пристигнувањето во Лондон.

Тој за „Топчиите“ ќе настапува во дресот со бројот 11, дрес кој го носеле великани како Марк Овермарс и Робин ван Перси, а го носеше и Месул Озил пред да го смени со десетката.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе