ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Арсенал му ја одзеде капитенската лента на Обамејанг

Габонскиот голгетер останува без честа да биде капитен на „Топчиите“ откако клубот одлучи да му ја одземе лентата поради прекршување на клупските правила за дисциплина.

Пјер-Емерик Обамејанг беше изоставен од тимот за натпреварот против Саутемптон од минатиов викенд, па одлуката за одземање на капитенската лента е и очекувана.

„Со оглед на последниот дисциплински испад минатата недела, Пјер-Емерик Обамејанг нема повеќе да биде наш капитен и нема да биде во составот за натпреварот в среда против Вест Хем Јунајтед. Од сите наши играчи, особрено од капитенот, очекуваме да ги почитуваат правилата и стандардите кои сите ние сме ги поставиле и со кои сме се согласиле“, стои во клупското соопштение.

Тренерот Микел Артета отркри дека Обамејанг бил изоставен од натпреварот викендов откако задоцнил враќајќи се од патување.

„За жал тој не е во игра поради дисциплински причини. Ситуацијата не е лесна и не е нешто во кое сакаме нашиот капитен да биде вовлечен. Но, сите сме сложни дека постојат работи за кои не се дебатира во тимот и според кои сме се поставиле како клуб и поради тоа се случи ова“, вели Артета.

Арсенал нема среќа со капитените во последно време. Обамејанг беше назначен за нов капитен на 19 ноември откако поради низата скандали лентата му беше одземена на Швајцарецот Гранит Џака, против кого се свртеа и самите навивачи.

На последниот натпревар честа на раката ја доби Александр Лаказет, но прашање е дали тој ќе биде нов капитен со оглед на тоа што договорот му истекува и сѐ уште нема најави дека ќе го продолжи. Можеби со доделувањето на капитенската лента управата ќе го направи последниот чекор во обидот да го задржи Французинот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе