Астероидот Апофис нема да нѐ погоди најмалку 100 години

Научници од Институтот за астрономија на Универзитетот Хаваи кон крајот на 2020 година соопштија дека астероидот Апофис ја сменил траекторијата и дека постои можност тој да ја погоди Земјата во 2068 година.

НАСА сега ја објави најновата анализа на неговата орбита и соопшти дека овој опасен вселенски објект нема да се забие во Земјата уште најмалку 100 години.

Експертите го открија Апофис (Apophis) во 2004 година и за кратко време беше категоризиран како еден од најопасните астероиди што би можеле да ја погодат нашата планета. Првите мерења во декември истата година покажаа дека постои веројатност дека во 2029 година ќе се судри со Земјата. Но, по понатамошна анализа на неговата орбита беше откриено дека тогаш ќе помине само многу близу, но дека нема да има катастрофални последици.

Траекторијата на Апофис

Астрономската заедница потоа здивна на некое време, сè до 2020 година, кога експертите од Институтот за астрономија на Универзитетот Хаваи соопштија дека Апофис бил под влијание на ефектот Јарковски, што значи дека некои делови од него се загреваат побрзо од другите и забрзуваат на пат кон Земјата. Поради ова забрзување, дојде до мала промена во траекторијата, а астрономите рекоа дека сега постои мала можност да ја погоди Земјата во 2068 година.

Всушност, не е баш најточно да се каже дека Апофис ја смени траекторијата, затоа што астероидот има трајно мала промена на траекторијата. А постојаната промена на траекторијата е токму затоа што секогаш има една мала промена на брзината. Промената на брзината предизвикува промена на траекторијата. Значи, неговата траекторија постојано се менува по малку, само што сега сега се смени малку повеќе во насока на судир со нашата планета.

Оваа објава поттикна нови анализи на траекторијата на Апофис, а сега астрономите заклучија преку радарски набљудувања и прецизна анализа дека нема ризик Апофис да ја погоди нашата планета во следните сто години.

Исклучена можноста за удар во 2068 година

„Ја исклучивме можноста за удар во 2068 година, а нашите пресметки покажуваат дека не постои ризик од ваков настан барем во следните 100 години“, рече Давиде Фарнокја од Центарот на НАСА за проучување на објекти што поминуваат близу Земјата (CNEOS).

„По неодамнешните оптички и радарски набудувања, несигурноста околу орбитата на Апофис се намали од сто на само неколку километри. Тоа значи дека сега сме многу подобро запознаени со орбитата на астероидот во 2029 година и можеме да го тргнеме од списокот на ризични објекти“, додаде тој.

Фарнокја зборуваше за Табелата на ризични објекти на CNEOS, која следи неколку астероиди кои може да ја погодат Земјата во одреден момент во блиска иднина. Според последните анализи, Апофис повеќе не е вклучен во таа табела, објави НАСА.

Remote video URL
Колкава штета може да ѝ нанесе на Земјата?

На 13 април 2029 година покрај Земјата ќе помине астероид со дијаметар од околу 340 метри на растојание помало од 32.000 километри, што е поблиску од орбитата на некои сателити.

„Влијанието врз Земјата би создало регионална катастрофа и би уништило и изгорело област со ширина од стотици километри, а штетните последици би биле глобални, со влијание врз климата. Овој астероид припаѓа на карпести астероиди и може да содржи околу 20 проценти железо. Не ја знаеме неговата внатрешна структура и се проценува дека просечната густина му е нешто под 3 тони на метар кубен “, објаснува хрватскиот космолог Анте Радониќ.

Remote video URL
реклама

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе