Aston Martin DB6 сега вози „на струја“

Кога се појави на пазарот, Aston Martin DB6 беше придвижуван од 4,0-литарски 6-цилиндричен мотор кој развиваше 282 КС, но Lunaz го претвори во електричен со инсталирање електричен мотор кој испорачува 375 КС, како и батерија што го напојува.

Она што не е променето е впечатливо убавата силуета на моделот DB6, бидејќи мисијата на Lunaz, покрај електрификацијата, е да ги зачува најспецијалните класични автомобили и да ја обезбеди нивната иднина.

Автомобилот е на американски сопственик, бизнисмен од Мајами, кој автомобилот им го доверил на Lunaz. Класичниот Aston Martin беше целосно расклопен и темелно реставриран, а потоа склопен според највисоките стандарди.

DB6 добива врвен електричен мотор и батерија, но точните спецификации не се откриени освен дека развива 375 КС и 702 Nm вртежен момент. Lunaz вградува батерии со капацитет меѓу 80 и 120 kWh, додека досегот е помеѓу 290 и 402 километри.

Покрај тоа, Lunaz ги подобри сопирачките, суспензијата и системот за управување, додека во внатрешноста сега има инфозабавен систем, клима-уред и сателитска навигација. Исто така, овозможена е и Wi-Fi конекција.

Патосниците се изработени од рециклиран материјал, внатрешноста е изработена од кожа од кактус и е во темно зелена боја, додека каросеријата е во црно-зелена нијанса.

Класичниот DB6 го привлече вниманието и на Американците, па 30 проценти од нарачките доаѓаат од купувачи од Мајами и околината.

Тагови
реклама

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе