Aston Martin додава гас кога е во прашање тизер кампањата, па освен што го најавува новиот и најнов V12 Vantage, најавува и посилен DBX.

Aston Martin известува дека „најмоќниот луксузен SUV во светот“ ќе пристигне на 1 февруари оваа година, по првата V8 верзија достапна на светскиот пазар и неодамна претставениот хибриден модел достапен само во Кина.
Постоечките верзии на луксузниот теренец се придвижувани од мотори AMG, а најновите информации сугерираат дека претстојниот DBX ќе го добие твин-турбо V12 моторот на Aston Martin. Прототипите беа забележани за време на тестирањето минатата година и нивниот звук беше многу сличен на оној што го „произведуваат“ моделите DB11 и DBS со V12 мотори. Се верува дека претстојниот модел ќе го носи суфиксот S, но засега нема официјална потврда.
DBX S би можело да дојде како освежување за SUV сегментот, но и со значително поголема моќност во споредба со 542 КС што ги нуди V8 моторот. Во случајот со DB11 AMR, возачот може да добие 630 КС, но не се знае дали толку ќе се развива и помоќниот теренец. Ако Aston Martin сака борба против Cayenne Turbo GT на Porsche кој испорачува 631 КС, тогаш тоа може да се очекува.
Тизерот го најавува најмоќниот модел во класата на луксузни теренци, а дали тоа навистина значи дека ќе ги надмине Cayenne Turbo GT со 631 КС и Lamborghini Urus со 641 КС, ќе покаже времето.
Ако DBX S нема V12 мотор, 4.0-литарскиот V8 мотор со твин-турбо на AMG може да испорача 630 КС, како што е потврдено од GT 63 S купе со четири врати.