Астрономите забележаа нешто необично во атмосферата на Јупитер

Јупитер е второто по големина тело во целиот Сончев Систем, по Сонцето.

Тој е толку голем што сите други планети од нашиот Сончев Систем би можеле да се содржат во него. На пример, во него би можеле да се вклопат дури 1.300 Земји. Во просек, оддалечен е од нас околу 600 милиони километри. Со оглед на тоа дека на неговата површина беснеат огромни бури, вселенските агенции испратија прилично голем број сонди до Јупитер за да можеме подетално да ја разгледаме неговата здивена атмосфера.

И покрај ова, овој гасовит џин и денес успева да нè изненади. Така, научниците дури неодамна забележаа дотогаш невиден феномен во бурата на Јупитер - млазен поток со голема брзина, широк околу 4.800 километри, кој брза околу екваторот над облачниот слој.

Ова откритие, овозможено од телескопот James Webb (JWST), може да ни даде некои нови сознанија за прилично чудната временска динамика на Јупитер.

„Ова нè изненади целосно. Она што досега го гледавме како магливи региони во атмосферата на Јупитер, сега ги регистрираме како јасни карактеристики што можеме да ги следиме заедно со ротацијата на планетата“, рече астрономот Рикардо Хуесо од Универзитетот на Баскија во Шпанија.

Необична атмосфера

James Webb е револуционерен инфрацрвен вселенски телескоп од девет милијарди долари. Тој е стопати почувствителен од телескопот Hubble и главно ги набљудува пространствата на вселената во инфрацрвениот спектар, што му овозможува да навлезе низ облаците од гас и прашина и да ни даде поглед кон претходно невидени области. Hubbl работеше првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини.

Јупитер има навистина необична атмосфера. Неговите појаси од светли и темни облаци се вртат околу Јупитер на различни височини и патуваат во спротивни насоки. Сè уште не разбираме целосно зошто.

Кога ќе го погледнете Јупитер на различни бранови должини, можете да видите детали кои не се видливи во видливиот спектар. На пример, ако го набљудувате преку оптички телескоп, нема да видите дека ги има најсилните полови светлини во Сончевиот Систем. Зошто? Затоа што овие аурори „блескаат“ во ултравиолетовиот спектар.

Моќна млазна струја

Кога JWST го фрли својот инфрацрвен поглед на Јупитер претходно оваа година, добивме подетален поглед на горната атмосфера, мистериозниот регион што се наоѓа помеѓу 25 и 50 километри над облаците, пишува Science Alert.

За време на деталната анализа на податоците, научниците забележаа млазен поток што претходно го гледавме само како еден вид нејасна магла. Хуесо и неговите колеги открија дека моќната струја се наоѓа на околу 40 километри над облакот и брза околу Јупитер со неверојатна брзина од 515 километри на час.

Ова може да има многу интересни импликации за временските шеми на Јупитер, велат експертите. Астрономите ги споредија податоците од телескопот Hubble кои покажаа пониски нивоа на облаци кои патуваат со половина од брзината на млазниот поток. Тоа е најпрецизното мерење досега за тоа како брзината на екваторијалниот ветер на Јупитер варира во зависност од висината.

„Ако јачината на овој нов млаз е поврзана со осцилирачка стратосферска шема, би можеле да очекуваме млазот значително да варира во следните две до четири години. Ќе биде навистина возбудливо да се тестира оваа теорија во наредните години“, рече планетарниот научник Ли Флечер од Универзитетот во Лестер во Велика Британија.

Истражувањето An intense narrow equatorial jet in Jupiter’s lower stratosphere observed by JWST беше објавено во списанието Nature Astronomy.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе