Авантура од мачкина перспектива носи новата игрица Stray

Ако некогаш сте се запрашале како би изгледал животот на една напуштена мачка во некој друг свет, ви ја препорачуваме игрицата „Stray“, која носи постапокалиптична авантура на мачка оставена сама на себе додека бара враќање во нормалниот свет.

Игрицата за семејството мачки во многу интересното издание на Annapurna Interactive завршува во моментот кога нашиот главен „лик“ во оваа игрица за PlayStation и PC не успева да прескокне една од пречките и завршува во подземен дистописки град каде има хуманоидни роботи.

Патот до враќање во реалноста и животот што го знаела нашиот жолт мачор не е лесен. Многу непријатели во вид на мини-чудовишта, но и роботи кои на почетокот бегаат од главниот лик, а подоцна му се најдобри сопатници на патот кон реалноста, се само дел од предизвиците.

На патот кон излезот од светот со роботи, незаменлива е помошта на роботот B-12 кој ќе го носите на грб. Преведувач, десна рака, база на податоци и што уште не ќе ве придружува речиси од почеток до крај.

Интересното во оваа игрица е што мачорот не е робот. Со својот карактер буквално го живеете животот на мачорот. Заедно со трчањето има и мјаукање кое предизвикува бројни реакции од околината, острење на шепите по теписи, ѕидови или врати, тропање по стаклени тегли или шишиња, но и спиење со предење.

Во прилог носиме само мал дел од гејмплејот на оваа игра, кој може да се заврши за околу 3-4 часа без уживање или 7 часа со истражување и уживање во животот од мачкина перспектива.

Remote video URL
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе