Авионот на Пригожин не покажувал знаци на неволја до последните 30 секунди, потоа нагло почнал да губи висина

Макфакс
/ 24.08.2023 / 12:37

Авионот Embraer Legacy 600, во кој патуваше шефот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, не покажал знаци на неволја додека не почнал бргу да ја губи висината во последните 30 секунди, според податоците за следење на летот.

Росавијација, руската агенција за воздухопловство, рече дека Пригожин, кој го предводеше бунтот во јуни, бил еден од 10-те луѓе во авионот. Тој патувал од Москва кон Санкт Петербург кога се урна во близина на селото Куженкино во областа Твер, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

„Во 15:19 часот по Гринич леталото направи ненадејна вертикала надолу“, рече Јан Петченик од Flightradar 24. Во рок од 30-ина секунди, леталото, кое било 8,5 километри во воздухот, изгубило повеќе од 2.400 метри височина.

URL

„Што и да се случило, се случи бргу“, рече Петченик, според Reuters.

Пред тоа драматично губење на висината „немаше индикации дека нешто не е во ред со авионот“, рече тој.

URL

На видеото се гледа како авионот бргу се спушта со носот насочен речиси право надолу и од него излегува чад.

Руските истражители почнаа кривична истрага за да утврдат што се случило. Некои неименувани извори изјавија за руските медиуми дека веруваат оти авионот бил соборен со една или повеќе проектили земја-воздух. Reuters не можеше да го потврди ова.

Бразилскиот производител на авиони Embraer соопшти дека не обезбедил никаква услуга или поддршка за авионот, кој има 13 седишта, во последните години.

URL

Во соопштението компанијата наведе дека ги почитува меѓународните санкции наметнати на Русија. Луксузниот авион беше идентификуван на Flightradar 24 со регистрација RA-02795, исто како и авионот што го превезуваше Пригожин во Белорусија по бунтот, рече извор од индустријата запознаен со ова прашање.

Интернет-тракерот за летови Flightradar 24 последен пат ја забележал позицијата на авионот во 15:11 часот, пред падот.

Flightradar 24 рече дека авионот поминал низ серија искачувања и спуштања по неколку илјади метри за 30 секунди пред катастрофалниот пад.

реклама

Свет

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more
 

Вести

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе