Австралија од догодина безбедноста на автомобилите ќе ја проверува и под вода

Секој кој имал несреќа да се најде во поплава или во автомобил кој тоне, знае какво страшно искуство е тоа, а бегството од такви ситуации не е лесно. Поради ова, Австралиската рограма за проценка на нови автомобили (ANCAP) воведува промени и исто така ќе ја оценува безбедноста на возилата под вода.

Од 2023 година, ANCAP ќе вклучува тестирање под вода што ќе стане дел од севкупниот нов систем за рејтинг на автомобили. Ќе биде групиран со други оценки во системот ANCAP кои се однесуваат на пристапноста на возилото по несреќа со фокус на спасување на патниците заробени во возилото. Производителите мора да докажат дека вратите може да се отворат во период од најмалку 10 минути под вода без напојување од батеријата и дека електричните прозорци сè уште можат да функционираат.

Доколку овие барања не се исполнети, тогаш производителите мора да им овозможат на патниците начин да ги отворат или скршат страничните стакла, а сите информации за тоа треба да бидат во прирачникот што доаѓа со новото возило. Без овие чекори, новите возила од 2023 година нема да можат да ја добијат максималната оценка на ANCAP.

Иако не е наведена конкретната причина за новите критериуми, ANCAP го спомена неодамнешното невреме кое ги предизвика поплавите. Освен тоа, јасно е дека новите автомобили стануваат сè покомплексни поради електронските системи. Ова вклучува електронски контролирани врати и рачки на вратите на некои возила, а информациите за тоа дали таквите системи работат во ситуација на поплава е тешко да се најдат.

Истражувањата покажаа дека разликата во притисокот внатре и надвор од автомобилот што тоне може да го спречи отворањето на вратите додека притисокот не се изедначи. За жал, тоа се случува само кога внатрешноста на автомобилот се наполни со вода, па патниците имаат многу малку време да се спасат.

реклама

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе