Бајден: Ако Русија ја нападне Украина, ништо од Северен поток 2

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди вчера дека ако Русија ја нападне Украина нема да биде ништо од Северен поток 2, но не појасни како ќе осигура дека контроверзниот гасовод нема да се користи.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, Бајден рече:

„Ако Русија нападне... повторно, нема да биде ништо од Северен поток 2. Ќе биде готово“. На прашањето како ќе го обезбеди тоа, тој одговори: „Ветувам дека ќе можеме да го направиме тоа“.

Најконтроверзниот енергетски проект во Европа, Северен поток 2, го изгради рускиот енергетски гигант Газпром за да ја удвои количината на гас од Русија до Германија, заобиколувајќи го традиционалниот транзит низ Украина.

Пред средбата, добро упатени извори изјавија дека Бајден јасно ќе му каже на Шолц дека „Северен поток 2“ не треба да биде пуштен во употреба доколку „Русија на каков било начин ја нападне Украина“. Германија, која покрива половина од потребите за гас од рускиот пазар, го одложи одобрувањето на гасоводот најрано до втората половина на 2022 година, но го отфрли целосното откажување на проектот.

Американскиот претседател нагласи и дека сѐ уште има простор за дипломатија со Русија. Бајден и сојузниците на САД ја предупредија Русија дека ќе се соочи со економски санкции доколку ја нападне Украина.

Шолц рече дека Германија е подготвена да продолжи да обезбедува големи суми средства за економската стабилизација на Украина. „Ние даваме многу, многу голема финансиска поддршка на Украина“, рече Шолц, објаснувајќи дека Германија и дала околу 2 милијарди долари на земјата. „Ние ќе продолжиме да го даваме тој придонес“, додаде тој.

Шолц, кој беше критикуван во Германија и во странство за неговата недоволна вклученост во актуелната криза, им рече на новинарите пред состанокот во Белата куќа дека Русија ќе плати многу висока цена доколку ја нападне Украина. Шолц следната недела ќе ги посети и Украина и Русија, додека оваа недела се сретна со претседателот на Европскиот совет и со лидерите на балтичките земји.

Односот меѓу Бајден и Шолц е важен во кризата и затоа што францускиот претседател Емануел Макрон сѐ уште официјално не ја објавил својата кандидатура на претстојните избори во април, додека британскиот премиер Борис Џонсон е среде домашна политичка криза.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе